Срѓан Јаниќијевиќ (1970, Скопје) — македонски филмски и телевизиски режисер и глумец.

Животопис Срѓан Јаниќијевиќ е роден во 1970 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек Драматургија, филмска и театарска режија. Активно работи на полето на театарот и филмот како автор и режисер. Од 2008 година, тој работи во Македонски народен театар – Скопје.

Творештво Театарски режии Како што сакате (2024), Вилијам Шекспир , продукција: Театар Куманово Веќе не е ни смешно (2023), Сашо Кокаланов, продукција: Театар Комедија Енциклопедија на мртвите (2021), според Данило Киш, продукција: КИЦ Спона Зошто сум тука (2020), Детски театарски центар Си беше еднаш во иднината (2019), автор: Сашо Кокаланов, продукција: Народен театар – Битола Шепоти од вода (2019), автор: Горјан Милошевски, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица Дух (2018), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје Реалисти (2018), автор: Јелена Кајго, копродукција помеѓу Македонски народен театар – Скопје и СПОНА, Скопје Перформанс за отворање на 39. Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола (2018) Силјан штркот шанца (2016), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје Библија (Стариот завед) (2015), мјузикл, либрето и режија: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Драмски театар – Скопје Оливер Твист – оперета (2013), автор: Чарлс Дикенс, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје Ќелавото момче и волшебниот печат (2013), драматизација и режија: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Турски театар – Скопје Малиот принц (2012), автор: Антоан де Сент Егзипери, продукција: Турски театар – Скопје Шехерезада (2011), автор и режисер, копродукција помеѓу Македонски народен театар – Скопје и ВИС продукција, Гостивар Don’t you Faust me (2010), автор и режисер, продукција: Македонски народен театар – Скопје Дракула (2008), автор: Дејан Дуковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје Купидона (2005), автор и режисер, продукција: Драмски театар – Скопје Луѓе од соседството (2004), автор: Хенри Адам, копродукција помеѓу Албански театар – Скопје и Бритиш консил Ослободување на Скопје (2002), автор: Душан Јовановиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје Павилјони (2001), автор: Милена Марковиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје Цензор (2000), автор: Антони Нилсон, копродукција помеѓу Бабилон театар и Младински културен центар – Скопје Шопинг и факинг (1998), автор: Марк Рејвенхил, продукција: Македонски народен театар – Скопје Мир (1993), автор: Аристофан, продукција: Македонски народен театар – Скопје Зрното грашок и принцезата (1993), автор: Атанас Илков, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје

Филмски и телевизиски режии и глумечки улоги Нема да ви се верува што се случи претходно (2025), како режисер и косценарист. Хомо (2020), како глумец ТМ (2020), како глумец Преспав (2016 - 2018), како глумец Тие доаѓаат од центарот на светот (2017), краткометражен филм, како глумец Поган Паган (2012), краткометражен филм во омнибусот Скопје Ремикс, како режисер, продукција: Ново македонско видео Па Па Париз (2004), документарна ТВ-серија, како режисер, продукција: Вретено Големата вода (2004), како глумец Аирлија транзиција (Капитализам за почетници во 6 лекции) (1994- 1997) ТВ серија, како режисер, копродукција помеѓу USAID, КЦ „Мала Станица“ и Македонска телевизија Прекрасен свет во омнибусот Светло сиво (1993), како режисер, копродукција помеѓу Пегаз, Македонска телевизија и Факултет за драмски уметности, Скопје

Автор на драми The Fine Урбан Бајрам Шехерезада (црна комедија во 1001 минута) Don’t you Faust me Купидона (панк опера)

Превод на драми Разнесени, автор: С. Кејн Супермаркет, автор: Б. Србљановиќ Шопинг и факинг, автор: М. Рејвенхил*сите три се поместени во „ММЕ... Антологија на нова европска драма“, издавач: Магор (2004)

Награди ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица со претставата „Шепоти од вода“, 2019 Фестивал „ Writing and Directing, Today Festival of Contemporary Writing“, Кан, Франција, со претставата „Шехерезада (црна комедија во 1001 минута), 2017 Фестивал „Гола месечина“, Скопје, 2015 со претставата „Силјан штркот шанца“ Фестивал „Диесе“, Дижон, Франција, со филмот „Скопје ремикс“, 2012 Фестивал на авторски филм, Белград, Србија, со филмот „Скопје ремикс“, 2012 МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, со „Купидона“ панк опера, 2006 Фестивал на глумецот, Фиер, Албанија, со претставата „Луѓе од соседството“, 2005 Стериино позорје, Нови Сад, Србија, со претставата „Павиљони“, 2003 Меѓународен куклен фестивал во Перуџа, Италија, со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1997 Котбус филмски фестивал, Котбус, Германија, со филмот „Свет, о сиво“, 1996 Меѓународен детски фестивал, Суботица, Србија со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1996 Меѓународен фестивал „Бурборак 94“, Смолен, Бугарија со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1994

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски режисери Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје