Успение на Пресвета Богородица () — црква кај селото Дервешани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на 1,5 км северно од Дервешани, во поднижјето на ридот Власелник на месноста Пројавена (Фанеромени). На јужната вертикална страна на ридот во црковниот двор има средновековна фреска насликана на висина од 5,5 м на карпата. На неа е претставена Богородица со Младенецот. На фреската е напишана годината 6890 од создавањето на светот (1382 од Христа). Во подножјето на живописот има лековит извор.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Богородица, Дервешани Богородица, Дервешани