Света Троица (или Свети Дух) — црква во прилепското село Тројкрсти, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Местоположба Црквата е гробишен храм храм и се наоѓа во северизападноит дел на селото.
Историја Според сознанијата на Јован Трифуноски, храмот е започнат во 1857 г. и завршен во 1858 г., кога бил осветен од митрополитот Венедикт Византиски. Од друга страна, на самата ктиторска плоча вели дека храмот е завршен и осветен во 1857 г.
Архитектура Градбата претставува еднокорабен покукружен засводен храм со петстрана апсида на источната страна. На западната страна подоцна е дограден трем, кој во поново време е претворен во трпезарија со кујна. При изградбата е употребен материјал од месноста Стара Црква. Во ѕидовите на црквата и припратата, како и во внатрешноста, има многу антички сполии од мермер — столбови, делови од надгробни плочи, капители и други архитектонски елементи.
Поврзано Црква Св. Дух (Тројкрсти) Тополчанска парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Крстец Категорија:Дела на Дебарската школа