Големи Свети Бессребреници Кузман и Дамјан () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на бул. „Аниксеос“ во близина на новаат голема црква „Св. Безсребреници“. Изградена е на крајот од XVI век, но на почетокот од XIX е наполно преизградена во петкорабна базилика со двоводен покрив.

Само во источниот ѕид на апсидата се зачувани важни фрески од XVI век. Во храмот има голема збирка на стари икони од урнати византиски и поствизантиски цркви во Бер. Иконата на Богородица (1734) е дело на Давид Селеница.

На 30 август 1979 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Бессребреници Големи Бессребреници Големи, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер