Сеир — четврти соло албум на македонскиот гитарист Влатко Стефановски. Албумот содржи 9 песни (плоча) , односно 10 песни (ЦД), од кои најголеми хитови се Деца на сонцето од истоимениот филм и насловната песна. Албумот бил објавен во 2014 година, издадена од издавачките куќи Esoteria Records (македонски пазар) и Croatia Records (хрватски, словенечки и српски пазари).

За албумот Соработници на овој албум биле Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, Раде Шербеџија.

Ова е неговиот прв соло албум издаден на плоча.

Првиот сингл од овој албум е „Деца на сонцето“, за кој е снимен и спот.

Постава Саксофон: Васко Атанасовски Бас гитара: Ѓоко Максимовски Тапани: Дино Милосављевиќ Тастатури : Васил Хаџиманов Ударни инструменти: Мите Димовски Тенор саксофон: Кирил Кузманов Виолина: Марко Рамљак Труба: Трајче Велков

Наводи

Категорија:Албуми од 2014 година Категорија:Албуми од 2010-тите Категорија:Влатко Стефановски