Глеисон Бремер Силва Насименто (роден на 18 март 1997 година, во Итапитанга) — бразилски фудбалер, на и на бразилската репрезентација.

Биографија Името Бремер го избрал неговиот татко во чест на германскиот фудбалер Андреас Бреме.

Технички карактeристики Физички силен централен дефанзивец многу вешт во играта во воздухот, со добро чувство за позиција. Покрај тоа го краси голема флексибилност, сигурност и брзина.

Во едно интервју самиот Бремер изјавил дека е инспириран од својот сонародник, бразилскиот дефанзивец, Лусио.

Клупска кариера Почетоци Пораснал во младинските сектори на Деспортиво Бразил и Саун Пауло, а во март 2017 година, тој бил купен од за R$ 380,000. На 26 јуни истата година, тој го направил своето деби за првиот тим во победата со 1-0 против , заменувајќи го повредениот Родригао. На 11 јули 2017, го продолжил својот договор со клубот до 2021 година.

Откако првенството 2017 го завршил со 12 настапи без постигнат гол, следната сезона Бремер бил стандарден првотимец во екипата на Атлетико Минеиро играјќи во 11 од првите 12 првенствени натпревари на клубот, пред да го напушти истиот во јули 2018. Својот прв и единствен гол за Минерио го постигнал на 13 мај 2018 година, во победата со 2-1 на гостувањето против Атлетико Паранаенсе.

Торино На 10 јули 2018 година, тој бил купен за околу 5 милиони евра од Торино, со кого потпишал петгодишен договор. Дебитирал за граната на 12 август, за време на натпреварот од третото коло на Купот на Италија против Козенца. Своето деби во Серија А, го направил на 19 август во натпреварот од првото коло, во кој неговиот клуб бил минимално поразен од Рома (0-1). На 3 мај 2019, го одиграл своето прво градско дерби против Јувентус, кое завршило со резултат 1-1. Сезоната 2018-2019, ја завршил со само седум настапи севкупно во Серија А (5) и Купот на Италија (2), во која главно е користен како резерва за Кофи Џиџи и Емилијано Морети.

Откако последниот од гореспоменатите се пензионирал, тој ја добил улогата на првотимец од тренерот Валтер Мацари на почетокот на следната сезона. На 25 јули 2019 година, тој го направил своето деби во клупските натпреварувања на УЕФА играјќи во првото квалификациско коло од Лига Европа против Дебрецин. Во второто прелиминарно коло од истото натпреварување, тој бил антагонист за својот тим, постигнувајќи автогол во натпреварот против , кој Торино го загубил на домашен терен со резултат 2-3. По продажбата на Кевин Бонифаци, тој пронашол уште поголем континуитет во својте настапи и на 30 ноември 2019, го постигнува својот прв гол за Торино - решавачки - во победата со 1-0 на гостувањето против во Серија А. На 28 јануари 2020, Бремер постигнал два гола во натпреварот од Купот на Италија против во кој неговата екипа била поразена со 4-2 по продолженија. Кога првенството продолжило после паузата предизвикана од Пандемијата на КОВИД-19, тој ги одиграл сите натпревари како стартер, постигнувајќи голови во соочувањата против и Џенова. Сезоната 2019-2020 ја завршува со вкупно 35 настапи и 5 голови.

Во сезоната 2020-2021, развитокот на Бремер во се подобар играч продолжува, откако дефанзивецот одиграл 33 првенствени натпревари - сите започнувајќи ги од првата минута - и постигнал рекордни за него во едно првенство 5 гола. Посебно важен бил голот кој го постигнал во 23-тото коло од првенството, со кој му донел победа на својот тим на гостувањето кај Каљари (0-1), нивниот конкурент во борбата за опстанок. Откако му помогнал на Торино да остане во Серија А во текот на претходната сезона, Бремер еволуирал во еден од најдобрите стопери во лигата под водството на новиот тренер на граната, Иван Јуриќ. Во сезоната 2021-2022, во текот на која неретко ја носел и капитенската лента на тимот кога Андреа Белоти и Криситијан Ансалди не биле во игра, бразилецот бил апсолутен командант во одбраната на Торино играјќи 33 првенствени натпревари и постигнувајќи 3 гола. На 2 февруари 2022 година, тој го обновил договорот со клубот до 2024 година. Конечно настапите понудени во текот на сезоната 2021-2022, му ја донеле наградата за Најдобар одбранбен играч за сезоната во Серија А.

Јувентус На 20 јули 2022 година, тој бил купен од за сума од 41 милион евра. Дебитирал во црно-белиот дрес на 15 август, за време на победата на домашен терен против (3-0) во рамките на првото коло од првенството. Своето деби во Лигата на шампионите го направил на 6 септември, во поразот со 2-1 од ; на 11-ти истиот месец го постигнал својот прв гол за Јувентус, преполовувајќи ја негативата во ремито 2-2 на домашен терен против . На 2 февруари 2023 година, правејќи го своето деби во Купот Италија со бјанконерите, тој го постигнал решавачкиот гол за победата со 1-0 над и пласман во четвртфиналето. На 28-ми истиот месец, тој постигнал гол во градското дерби против неговиот поранешен тим, носејќи му пресврт на Јувентус и водство од 3-2 во натпреварот кој завршил со конечен резултат 4-2 за бјанконерите.

На 27 декември 2023, Бремер го продолжил својот договор со Јувентус до 2028 година.

Репрезентативна кариера На 9 септември 2022, тој го добил својот прв повик во бразилската сениорска репрезентација, од селекторот Тите, во поглед на последните подготвителни пријателски натпревари за Светското првенство 2022. Тој го добил своето зелено светло да дебитира за караоките на 23-ти истиот месец, влегувајќи како замена за Тијаго Силва на полувремето во победата од 3-0 против .

Во ноември 2022, тој бил вклучен во финалниот список на играчи на бразилскиот тим за Светското првенство во Катар. Своето мундијалско деби, тој го направил на 2 декември 2022, во поразот со 1-0 од во последниот натпревар од групната фаза, кој за бразилците немал големо значење бидејќи тие веќе претходно обезбедиле пласман во следната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 јули 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017 А 12 0 КБ 1 0 КЛ 1 0 - - - 14 0 2018 А+КМ 11+2 1 КБ 3 0 КС 2 0 - - - 18 1Вкупно Атлетико Минеиро 23+2 1 4 0 3 0 - - 32 1 2018-2019 А 5 0 КИ 2 0 - - - - - - 7 0 2019-2020 А 27 3 КИ 2 2 ЛЕ 6 0 - - - 35 5 2020-2021 А 33 5 КИ 2 0 - - - - - - 35 5 2021-2022 А 33 3 КИ 0 0 - - - - - - 33 3Вкупно Торино 98 11 6 2 6 0 - - 110 13 2022-2023 А 30 4 КИ 3 1 ЛШ+ЛЕ 3+7 0 - - - 43 5 2023-2024 А 35 3 КИ 3 0 - - - - - - 38 3Вкупно Јувентус 65 7 6 1 10 0 - - 81 8Вкупно во кариерата 188 19 16 3 19 0 - - 223 22

Титули Клупски Атлетико Минеиро Кампеонато Минеиро : 1 2017

Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Поединечни Серија А награди: 1 Најдобар одбранбен играч : 2021-2022

Наводи

Надворешни врски

Глеисон Бремер на soccerway Глеисон Бремер на transfermarkt Глеисон Бремер на whoscored Глеисон Бремер на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026