Влака или Вишенска РекаПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ ( или Βυσσινιά) — река во Костурско, Егејска Македонија. Завршува како северен дотек на Костурското Езеро.

Течение Реката извира на планината Вич југоисточно под врвот Манковец (1.867 м). Тече на запад и ги прима водите од месноста Пет Извори. Во месноста Лапсини свртува на југозапад и минува источно крај селото Вишени, по кое е наречена. Потоа минуваи источно под селото Шестево, свртува на југ, па ја прима десната притока Гумница (Лонгорема), и се влева во Костурското Езеро источно од поранешното село Стар Чифлик.

Слив Надморската височина на речниот слив се движи од 650 м до 2.000 м. Средниот проток изнесува 403 л/с, а најголемиот достигнува 2.000 л/с при обилни врнежи.

Поврзано Пополе

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Вич