Филозофија на логиката е огранок на филозофијата кој се занимава со карактерот и оправданоста за системите на логиката. Еве некои фундаментални прашања која таа цели да ги одговори:

Дали постои само една „вистинска“ логика, или повеќе логики кои се еднакво точни? Можно е ли да постојат вистински несогласувања за тоа дали еден логички принцип (како закон на исклучената средина) е точен? Кој израз е логичка константа? Кои се соодветните објасненија за логичкото следство, квантификацијата и други логички концепти? Кој е делокругот на логиката (на пр., дали во неа спаѓа математиката)? Дали логиката од втор ред е навистина логика? Дали логиката е работа на конвенција? Дали логиката е емпириска? Кој е карактерот на логичката неопходност?

Филозофијата на логиката често се помешува со филозофската логика, што е примена на формалните логички техники на филозофски проблеми. Неколку филозофи имаат дадено голем придонес на обете полиња.

Постои извесен преклоп помеѓу филозофијата на логиката, филозофската логика, филозофијата на јазикот, епистемологијата и метафизиката.

Важни личности

Важни личности во филозофијата на логиката се:

Аристотел Џорџ Бул Џорџ Булос Курт Гедел Мајкл Дамет Огастес Де Морган

Имануел Кант Рудолф Карнап Вилард Ван Орман Квин Готфрид Лајбниц Џон Стјуарт Мил Чарлс Парс

Артур Прајор Бертранд Расел Алфред Тарски Готлоб Фреге Георг Хегел Алонзо Черч

Поврзано Логика Дали логиката е емпириска?

Извори Haack, Susan. 1978. Philosophy of Logics. Cambridge University Press. (ISBN 0-521-29329-4) Quine, W. V. O. 2004. Philosophy of Logic. Второ изд. Harvard University Press. (ISBN 0-674-66563-5)

Надворешни врски Статија во филозофската енциклопедија „Рутлеџ“ Есеј за карактерот на логиката Филозофија на логиката

Категорија:Логика

Категорија:Концепти во логиката