врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/03/St_Michaels_Church_Hildesheim.jpg/300px-St_Michaels_Church_Hildesheim.jpg|мини|300x300пкс| Црквата „Св. Михаил“, Хилдесхајм. Отонова архитектура ― архитектонски стил кој еволуирал за време на владеењето на императорот Отон Велики. Стилот бил освован на територијата на денешна Германија и траел од средината на 10 век до средината на 11 век.

Историја Отоновата архитектура го црпело своето вдаховение од каролиншката и средновековноримската архитектура. Отоновата архитектура исто така црпи од христијанската уметност. Овој стил на архитектура е пример за комбинација на христијанска архитектура, како и германски и средоземни стилови. Освен некои примери под влијание на осмоагоналната Палатинска капела во Ахен, како што е Отмаршајм (11 век, Алзас) и апсидата на опатијата на „Св. Троица“ во Есен, религиозната архитектура има тенденција да се разликува од централизираниот план. Сепак, вдаховението од античкоримската базилика останува истовремена, а отоновата архитектура ја зачувува каролиншката двојна завршница со апсиди на двата краја на црквата. 

Отонова архитектура, особено во создавањето на цркви, е под влијание на античкоримската базилика. Црквите од ова време имаат долги бродови и апсиди. Архитектонското инженерство на нивните згради во голема мера се потпирало на математиката, што може да се види од тоа како мерењата на отоновите структури се пресметуваат по квадратна единица и колку се симетрични внатрешниот и надворешниот распоред. Посебна особеност на овој стил се тенки ленти на надворешните ѕидови на зградите направени од камен. Оваа дизајнерска особеност е изведена од италијанските и римските архитектонски стилови. Ова особено може да се видат црквите од овој период и обично се користи само како дизајнерска особеност. Во Отоновите и Каролиншките цркви, употребата на неколку алтери, трансепти, како и крипти станала поизразена. Отонската архитектура игра улога во обредите на Средновековната Германска Империја, како што се крунисувањата на императорот. Братот на Отон Велики, Бруно Велики, работел на дизајнирање, изградба, како и преизградба на многу згради во Отонов архитектонски стил. На пример, црквите како што се „Св. Мартин“, „Св. Гереон“, „Св.Сесилија“ и „Св. Панталеон“ биле сите проекти на кои тој имал влијание и работел, како и многу други.

Примери

Црква „Св. Панталеон“, Келн, Германија Црква „Св. Вартоломеј„, Лиеж, Белгија Црква „Св. Гертруда“, Нивел, Белгија (1046 година) Црква „Св. Михаил“, Хилдесхајм, Германија (1010–1033 година) Опатска црква во Гернрод (960–965 година, очигледно првата во Европа која има трибинска галерија)

Поврзано

Отонова уметност Отонова ренесанса

Наводи

Категорија:Средновековна архитектура Категорија:Архитектонски стилови Категорија:Историја на архитектурата Категорија:Романска архитектура Категорија:Германски архитектонски стилови Категорија:Средновековногерманска архитектура Категорија:Отонова уметност Категорија:Отонова архитектура