Ванчо Србаков познат како Ванчо СрбакаПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79 — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Роден е во селото Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода со чета дејствувал во Кичевско. Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А. Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево. Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов.Тома Николов, Спомени от моето минало

Именување

По него е именувано основното училиште во селото Вранештица.

Галерија

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Вранештица