мини|десно|400п|Белата кула во Солун Солунска афера — една од најголемите провали со која се соочила Македонската револуционерна организација. Аферата започнала во Солун, постепено се проширила во Солунскиот вилает и најголемиот дел од легалните дејци на Организацијата од загрозените реони биле принудени да заминаат и да се засолнат во Бугарија. Дополнително оваа афера добива на тежина со апсењето на речиси целиот Централен комитет, a тоа овозможило на чело на Организацијата да застане Бугаринот Иван Гарванов Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.

Причини Организациска раздвиженост

Големата активност на Организацијата, серијата на провали, насилното собирање на пари и бројните погубувања го привлекле вниманието на турските власти и тие разбрале дека македонското население се воружува. Отука Отоманското Царство ќе преземе дејства кои постепено ќе доведаат до разоткривање на тајниот механизам на Организацијата и нејзината мрежа.

Поради организациската раздвиженост, во летото 1900 година Османлиското воено минсистерство издало наредба до управата на III армиски корпус да се проследува движењето на населението и било истакано дека се пренесуваат пушки и друг воен материјал од Бугарија во Македонија. Ова укажување било проследено до сите воени домови на III армиски корпус како и до сите административни и царински власти во Солунскиот и Скопскиот вилает.

Солунските власти почнале да прваат разни пречки за издавање на пасoши за патување во Бугарија, по што Бугарското трговско агентство неколкупати се жалеле за таквите постапки .

Извештај на Атанас Шопов

На 23 јануари 1901 година бугарскиот трговски агент Атанас Шопов го известил Бугарското министерство за надворешни работи и веросиповет дека:

Воените власти и дипломатските претставници во Солун истаканле дека заптиите можат дополнително да ја усложнат и онака крефката состојба, затоа според нив требало да дојде до промена на локалната власт и жандармерија. Генералот Сејфула - паша истакнал дека бројот на заптиите е доволен но дека има недостаток на офицерски кадар и тој за сета состојба го обвинил солунскиот валија Тефик - паша сметајќи дека е неспособен.

23 јануари

Токму на 23 јануари 1901 година (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922.

Треба да се истакне дека Милан Михајлов родум од Прилеп бил човек на Врховниот комитет на Борис Сарафов и по негова препорака дошол во Централниот комитет во Солун Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995. Александар Ников од Битола бил секретар на Централниот комитет додека пак Кочо Георгиев бил комита во четата на Христо Чернопеев и заедно со Милан Михајлов по почетокот на јануари дошле во Солун на лекување Спомени на Христо Чернопеев.

Апсење

Иако тие тројца биле предупредени да внимаваат заседнале во една грчка гостилница и притоа започнале да дискутираат на висок тон, а некој од нив извадил на масата доверливи документи на Организацијата. мини|десно|100п|Христо Татарчев Биле забележани од гостилничарот кој ги пријавил кај властите, а тие по излегувањето од гостилницата од страна на турската жандармерија биле уапсени во една од улиците по што биле однесени во вилаетското полициско одделение. Таму кај нив покрај оружје биле пронајдени и доверливи документи на Организацијата. имено кај Александар Ников била пронајдена покана за последното заседавање на Централнот комитет, кај Милан Михајлов биле пронајдени револвер и кама, а кај Кочо Карловалијата била пронајдена кама на која бил изгравиран лозунгот Слобода или смрт .

Додека се наоѓале во притвор Александар Ников го искористил невниманието на стражарот и избегал но за таа случка разбрал целиот Солун. Александар Ников живеел заедно со Милан Ризов и четникот Кочо Христов Чонка и по бегството веднаш таму се засолнил но живеалиштето било посочено од Милан Михајлов и полицијата извршила упад при што четникот Кочо Чонка бил уапсен, а Ников и Милан Ризов успеале да побегнат низ прозорот .

Полициски претреси

По бегството на Александар Ников и Милан Ризов полицијата започнала со претрес по куќите каде тие би можеле да се кријат. Прво било проверно живеалиштето на Коце Лазров кој бил пријател на М. Ризов. мини|десно|100п|Христо Матов мини|десно|100п|Пере Тошев Кај него биле пронајдени 50 куршуми за револвер и доверлива организациска документација, а меѓу другото бил пронјаден и еден хектографиран извештај до Централнот комитет за прокопување на канал под Отоманската банка во Цариград.

Коце Лазаров веднаш бил уапсен, а пронајдената документација му била доверена од страна на Пере Тошев. Истовремено полицијата упаднала во живеалиштата на Христо Татарчев, Никола Попев, Коне Попев, Диме Палашев и Христо Пиперков. Последните двајца биле уапсени, а Пиперков подоцна бил ослободен. По нив бил уапсен и книжарот од Воден, Димитар Хлебаров. На 25 јануари, Христо Матов и Пере Тошев биле уапсени, а полицијата извршила претрес во живеалиштето на поп Стамат при црквата св. Димитрија и тамошното пансионско училиште.

Полицијата исто така извршила претрес и во црквата св. Кирил и Методиј како и во околните куќи но при овие претреси ништо не било откриено.

Малку подоцна бил уапсен и Христо Татарчев. Треба да се истакне дека тој можел да избега и да се засолни, што му било укажувано од драгоманот на рускиот конзул Тодор Хаџимишев но Татарчев:

Додека траеле претресите истовремено продолжила и потерата по Александар Ников и Милан Ризов. Тие се засолниле на еврејските гробишта, а ним им се придружил и Тодор Иванов - Серменинчето.

По дискусијата решиле да го напуштат Солун и да се засолнаат во некоја од четите и затоа Анго Арабаџијата и мајсторот Андон Ангелов подготвиле специјална кола и заедно со бегалците на 28 јануари го напуштиле градот.

Но на четврт час од Солун кај месноста Тумба биле престигнати од турака потера и тогаш Александар Ников се самоубил, а останатите биле уапсени .

Првичниот успех на турските власти во разоткривањето на Организацијата се должеле на кажувањата на Милан Михајлов. Тој по апсењето ведаш почнал се да кажува.

Зборувал за своите патувања во Струмица, Моноспитово, Кукуш и Дојран каде го растурал нелегалниот весник Реформи. Кажал дека по наредба на Пере Тошев заминал за Гевгелиско кај Андон Ќосето. М. Михајлов бил преоблечен во полициска униформа и таков бил шетан низ градот за да ги посочи места каде неговите соборци и другари ги посетувале, атој ја посочил и куќата на мајсторот Андон каде се криеле Милан Ризов и четникот Кочо Чонка.

Проширување на истрагата

Кон крајот на јануари 1901 година аферата добила големи размери. Престресите се проширувале, а бројот на уапсените се зголемувал. Од Кукуш во Солун биле донесени Туше Делииванов и трговецот Дупков.

Делииванов бил ослободен бидејќи според полицијата се бараал Караиванов, а не Делииванов но Туше разбрал дека него го бараат и дека станува грешка во презимето и затоа се засолнил во четата на Христо Чернопеев. Кон крајот на јануари бил направен уште еден претрес кај поп Стамат но повторно ништо не било најдено.

На 1фебруари 1901 година биле уапсени браќата Мончеви, Васил и Михаил содржатели на Бошњак - ан, потоа бил уапсен учителот од Мурарци со двајца селани, а бил уапсен и епитромот на Вардарската црква, Атанас Ангелов кој бил воедно и претседател на солунскиот револуционерен комитет.

На 3 февруари во солунскиот затвор имало 34 души затворени во врска со аферата.

Нов тек на Аферата

Судирот кај Бајалци

мини|десно|100п|Христо Чернопеев мини|десно|100п|Туше Делииванов

Додека турските власти ја разоткривале организациската мрежа во Солунско и Кукушко на 4 Февруари 1901 година во селото Бајалци четата на Христо Чернопеев имала судир со турскиот аскер и тоа дало нова дименизија на аферата.

Легалните дејци на Организацијата од Солунско и Кукушко за да не бидат уапсени од страна на турските власти се засолниле во четата на Чернопеев и така таа нараснала на 30 души.

Затоа, Чернопеев и Туше Делииванов со четата замонале во Гевгелиско и таму се ослободиле од дејците, а на 2.02.1901 година се нашле во селото Мачуково каде требале да го разгледаат поведението на Гоно Рибаров.

Отаму четата се упатила кон Бајалци, а Рибаров ја предал четата на турските власти. Организацискиот раководител во Мачуково, Леонид Јанков го известил Чернопеев да го напушти Бајалци но тој одбил и по цена :

Од друга страна пак Чернопеев им се обратил на селаните од Бајалци кажувајќи им дека тие треба да собираат пари за купување на пушки.

На 4 Февруари четата била опколена и таа се обидела да се пробие но при првиот јуриш загинале 7 комити, двајца биле ранети, а останатите се окопале во снегот и започнале престрелка со турскиот аскер која траела 14 часа.

Четата сепак успеала да се пробие и се упатила кон селото Калиново, а дури третиот ден успеале да и избегаат на турската потера.

По овој судир Чернопеев и Туше Делииванов кон крајот на март се нашле во Бугарија. Овој судир ги потврдил изјавите на Милан Михајлов, имено меѓу загинатите комити биле откриени посочените лица, а турската власт увидела дека убиените се од Кукуш и околината и дека Отоманското Царство има работа со масовно вооружено организирано движење и затоа прогонните на власта се прошириле во Солунскиот вилает Динев, Ангел. Од минатото на Гевгелија - ("Македонија"), бр. 1772, 10.IX.1932 г.

Нов бран на апсења

По судирот кај Бајалци биле уапсени 15 селани од оваа село и одведени во Солун, турските потери и претреси во Гевгелиско и Солунско добиле нов силен интензитет. Во селото Мачуково уапсен учителот, а по околните села се раздвижиле турските потери од кои населението настрадало.

Во селото Аканаџали - Дојранско, под обвинение на арамијата Мехмед дека има комити, дошол турскиот аскер и од клисарот било побарано да ги посочи комитите.

Тој го посочил поп Иван но тој не кажал ништо. Затоа арамијата Мехмед го повикал клисарот и му кажал дека ќе го повика кајмакамот и дека тој како комити ќе треба да ги посочи селските чорбаџии, а ако не го стори тоа ќе го убијат него, неговите два сина и ќе му ја запалан куќата.

Клисарот ги посочил чорбаџиите по што тие биле уапсени, а младиот поп Иван бил соблечен гол и бил рашетуван низ селото. Властите набргу го прекопале црковниот двор барајќи оружје, а пота бил и уапсен минатогодишниот селски учител Иванов. Од оваа село десетина души биле одвлечкани во Дојран, а останатите биле ослободени откако платиле рушвет.

Турските власти слично постапиле и во селата Дурбали, Сурлево, Валандово, Фурка и други . Селото Крецово - Кукушко било опколено од 30 души аскер по што сите мажи од 20 до 40 години биле одделени, а по мачењата некој од нив ги предал 8 пушки од системот Гра.

Бимбашјата потоа им наредил на селаните да ги прокопаат селските гробишта за да биде најдено друго оружје но ништо не било откриено. Во ова село од тепање полуделе Коле Кљанков и Христо Попов, а Петра Кљанкова полудела од заплашување. Во Тиквешко настрадаа девет села.

За преживеаните ужаси зборува фактот, што од стотици измачувани еден од с. Ресово и двајца од Мрзен-Ореховец умираат во страшни маки, а еден од с. Борово, за да го избегне затворот и мачењето, се самоубива. Во Тиквешко, учителот Александар Станоев една богато надарена, кристално чиста поетска душа, преживува една потресна трагедија.

За да го избегне затворањето, Станоев пука во себе, но куршумот минува над клепката. Паднат во бесвест, несреќникот беше пренесен во Неготино, лекуван, испратен во Солун, осуден и заточен во Подрум кале. Не остана незасегнат од одразите на солунската афера и скопскиот округ – главно Радовишката Каза.