Тјери Даниел Анри (; р. во , Франција) — поранешен фудбалер кој последен пат играл за Њујорк Ред Булс во северноамериканската лига.
Анри е роден во Лез Улис, Есон (предградие на Париз) каде што играше во редовите на локалната репрезентација како момче со извонредна перспектива на стрелец. Тој беше забележан од страна на АС Монако во 1990 година и веднаш потпиша договор со што дебитира на професионален план во 1994. Добриот квалитет доведе до интернационален повик во репрезентацијата во 1998 година по што тој потпиша за серија А застанувајќи во одбрана на шампионот Јувентус. Доживеа разочарувачка сезона играјќи крилна позиција, пред да премине во Арсенал за 10,5 милиони фунти во 1999 година. Арсенал е тимот којшто го класираше името на Анри во рамките на светски познатите фудбалери. Покрај почетните напори во Премиер лигата, тој се појави како најдобар стрелец на Арсенал на речиси сите сезони за време на неговиот настап таму. Под водство на неговиот долгогодишен ментор и тренер Арсен Венгер, Анри стана продуктивен напаѓач и најдобриот стрелец на Арсенал на сите времиња со постигнати 226 гола во сите натпреварувања. Французинот освои две титули во лигата и три ФА купови со Топчиите. Тој беше номиниран за најдобар светски играч на годината од страна на ФИФА двапати и прогласен е за ПФА играч на годината исто така двапати и од страна на фудбалскиот сојуз на новинарите за играч на годината трипати. Последните две сезони во клубот на Арсенал, Анри ги помина како капитен на клубот, водејќи ги до финалето на лигата на шампиони во јуни 2007. После 8 години поминати во дресот на Арсенал, тој преминува во Барселона за хонорар од 24 милиони евра. Неговите први признанија со Каталонскиот клуб се случија во 2009 година кога тие ја освоија лигата, купот и трипати лигата на шампиони. Тој продолжи да постигнува успеси освојувајќи шест титули, освојувајќи го шпанскиот суперкуп, УЕФА купот и светскиот куп. Севкупно, Анри беше избран во УЕФА тимот на година 5 пати. Во 2010 година тој се приклучи кон Њујорк Ред Булс. Анри доживеа сличен успех со француската репрезентација освојувајќи го 1998 World Cup, Euro 2000 и 2003 FIFA Confederations Cup. Во Октомври 2007 тој го надмина рекордот на Мишел Платине и стана најдобриот француски стрелец на сите времиња. Анри се повлече од меѓународниот фудбал по светското првенство 2010. Надвор од теренот Анри е активен портпарол против расизмот во фудбалот, делумно поради неговото лично искуство. Тој се ожени со англискиот модел Никол Мери во 2003 и добија ќерка и во 2007 се разведоа. Тој исто така беше и еден од најврвните врвните фудбалери застапени во светот на рекламите. Анри беше рангиран деветти во светот во 2006.
Рани години Анри потекнува од Антилеан. Неговиот татко Антоан е од Гваделуп (островот Ла Десираде), неговата мајка Марис е од Мартиник. Тој е роден и одгледан во Лез Улис, предградие на Париз кое и покрај тоа што се смета за опасен кварт овозможи добри фудбалски капацитети. Како седумгодишно момче Анри покажа голем потенцијал, предизвикувајќи го Клод Шезел да го приклучи локалниот клуб Лез Улис. Неговиот татко му вршел притисок да тренира фудбал иако тој не бил заинтересиран за фудбал. Тој се приклучил кон US Palaiseau во 1989, но по една година неговиот татко се скарал со клубот, по што Анри преминал во ES Viry-Chatillon каде што играл две години. Тренерот на US Palaiseau, неговиот иден ментор Жан Мари Панза, се приклучил на истиот клуб следејќи го Анри.
Клупска кариера Монако (1992 – 1999) и Јувентус (1999)
Во 1990 Монако го испрати извидувачот Арнолд Каталано да го гледа Анри за време на натпревар. Анри ги постигна сите шест гола, со што неговиот тим победи со 6-0. Каталано му понудил да се приклучи кон Монако без претходен тест натпревар. Каталано побарал од Анри да заврши курс во елитната “Claire Fontaine” академија и покрај колебањето на директорот да го прими Анри поради неговите слаби резултати му беше дозволено да го заврши курсот и се приклучил кон Монако на Арсен Венгер како млад играч. Потоа Анри потпишал формулари со Монако и професионално дебитираше во 1994. Венгер го стави Анри на левото крило затоа што веруваше дека неговиот чекор, природната контрола врз топката и умешноста би биле поефективни против бековите отколку против центрафорите. Во неговата прва сезона со Монако Анри постигна 3 гола во 18 настапи.
Венгер продолжил да ја бара совршената позиција за игра на Анри и насети дека тој би требало да биде распореден како напаѓач меѓутоа не беше сигурен. Под раководство на неговиот менаџер, Анри беше избран за француски млад фудбалер на годината 1996 и во сезоната 1996-1997 неговите цврсти изведби му овозможија на клубот да ја освои првата лига. За време на сезоната 1997-1998 тој имаше важна улога во водството на неговиот клуб до полуфиналето на лигата на шампиони, поставувајќи француски рекорд со постигнување на седум гола во натпреварот. До неговата трета сезона тој го доби неговиот прв натпревар за репрезентацијата и беше дел од победничкиот тим на Светскиот Куп 1998. Тој продолжи да импресионира за време на неговиот престој во Монако и во неговите пет сезони со францускиот клуб, младиот крилен напаѓач постигна 20 голови во лигата во 105 настапи.
Анри го напушти Монако во јануари 1999 една година пред неговиот друагар и соиграч Давид Трезеге, и премина во италијанската А серија, клубот Јувентус, за 10,5 милиони фунти. Тој играше на крилна позиција меѓутоа не беше делотворен против серија А, одбранбена дисциплина во положба некарактеристича за него и постигна само три гола во 16 настапи.
Арсенал (1999 – 2007) thumb|upright|Анри беше избран за капитен по заминувањето на неговиот соиграч Патрик Виера во во 2005 Несигурен во Италија, Анри се премести од Јувентус во август 1999 во Арсенал за 10 милиони фунти, одново обединувајќи се со неговиот поранешен менаџер Арсен Венгер. Арсенал беше тимот кој го направи Анри светски познат фудбалер и покрај тоа што неговиот транфер не помина без контроверзија, Венгер беше убеден дека Анри е вреден за хонорарот. Доведен како замена за фанцускиот форвард Николас Анелка, Анри веднаш беше назначен како напаѓач од страна на Венгер, потег кој дава големи резултати во наредните години. Сепак се појавија сомнежи за неговата способност да се адаптира на брзата англиска игра, откако потфрли во постигнувањето голови во неговите први осум натпревари. По неколку тешки месеци во Англија, Анри призна дека треба одново да научи се за уметноста на напаѓањето. Овие сомнежи беа отстранети кога тој ја заврши неговата прва сезона во Арсенал со импресивен резултат од 26 гола. Асенал заврши како втор во лигата веднаш зад Манчестер Јунајтед и загуби во финалето на УЕФА купот од Турскиот тим Галатасарај. Во кампањата ЕУРО 2000 со нациоаналниот тим Анри беше подготвен да остави впечаток во сезоната 2000-2001. Покрај евидентираниот помал број на голови и асистирања отколку во првата сезона, втората сезона на Анри во арсенал се покажа како важен пробив и тој стана најврвниот стрелец во клубот. Вооружен со еден од најдобрите напаѓачи Арсенал му се приближи на вечниот соперник Манчестер Јунајтед во трката за освојување на титула во лигата. Анри остана разочаран и покрај фактот што му помогна на клубот да освои признанија, и често ја искажуваше неговата желба да го оформи клубот како центар на моќ.
Успехот конечно пристигна во текот на сезоната 2001-2002. Арсенал заврши седум бода над Ливерпул за да го освои првенството и ги порази Челзи со 2-0 во финалето на ФА Купот. Анри стана најдобриот стрелец во лигата и заби 40 гола во сите натпреварувања, со што го доведе Асенал до удвојување и неговото прво сребро со клубот.
Сезоната 2002-2003 се покажа како уште една продуктивна за Анри, постигнувајќи 32 гола во сите натпреварувања и придонесувајќи со 23 асистирања до извонреден резултат на еден напаѓач. Продолжувајќи понатаму Анри го доведе Арсенал до уште еден триумф во ФА Купот, иако Арсенал не успеа да се задржи на прволигашкиот престол. Преку сезоната се натпреваруваше со Руд Ван Нистелрој, играч на Манчестер Јунајтед, борејќи се за титула во Премиер лигата, но Манчестер Јунајтед го оддалечи Анри од титулата постигнувајќи гол. И покрај тоа Анри беше избран за играч на годината на ПФА и од страна на фудбалскиот сојуз на новинари исто така за фудбалер на годината. Неговиот растечки статус како еден од најдобрите светски фудбалери беше потврден кога тој излезе како вице-шампион на доделувањето на наградите за светски играч на годината од ФИФА 2003.
thumb|left|upright|Анри во игра против Чарлтон Атлетик во 2006 Со влезот во сезоната 2003-2004 Арсенал беше одлучен да се врати на престолот на Премиер лигата. Анри повторно имаше важна улога во извонредно успешната кампања, заедно со другите како него Денис Бергкамп, Патрик Виера и Робер Пирес. Анри се погрижи Топчиите да станат прв тим и да останат непобедени во текот на целата сезона во домашната лига, тврдејќи дека освојувањето на титулата во Премиер лигата е процес. Освен што беше прогласен за играч на годината од ПФА и од фудбалската новинарска асоцијација, втора година по ред Анри уште еднаш излезе како вице-шампион на доделувањето на наградите на ФИФА 2004 за светски играч на годината. Со 39 постигнати гола во сите натпреварување французинот поведе со голови во лигата и ја освои наградата European Golden Boot. Исто како и во 2002 Анри не беше во можност да ја доведе својата репрезентација до признанија за време на Европското првенство 2004.
Намалениот успех дојде до израз кога Арсенал повторно не успеа да обезбеди враќање назад кон титулата во лигата, кога загуби од Челзи во сезоната 2004/2005, иако Арсенал го освои ФА Купот (финалето кое Анри го пропушти поради повреда). Анри ја одржа својата репутација како еден од европските најсилни напаѓачи во лигата со постигнати 31 гол во сите натпреварувања, тој беше ко-примач (со Диего Форлан), на наградата European Golden Boot и моментално тој е единствениот играч кој официјално ја освои наградата двапати по ред. Али Мек Коист исто така ја освои оваа награда двапати по ред, но и двете се сметаа за неофицијални. Неочекуваното заминување на сонародникот Виеира во средината на 2005 му овозможи на Анри да стане капитен на клубот, улога за која многумина сметаа дека не одговара за него, капитенството е посвојствено за играчите од одбрана или од среден ред, кои имаа подобра позиција на теренот за полесно да ја прочитаат играта.
thumb|right|По повлекувањето на Денис Беркамп, Анри редовно напаѓаше во придржба со Робин ван Перси. Сезоната 2005-2006 се покажа како сезона на извонредни лични достигнувања за Анри. На 17 октомври 2005 Анри стана најдобриот стрелец на сите времиња во клубот. Со двата гола против Спарта Прага во лигата на шампиони Анри го собори рекордот на Јан Рајт од 185 гола. На 1 февруари 2006 тој постигна гол против Вест Хем доведувајќи го резултатот на голови во лигата до 151, соборувајќи го рекордот на голови на легендата на Арсенал Клиф Бастин. Анри го постигна својот 100ти гол во лигата на Хајбери, добар подвиг во историјата на клубот и извонредно постигнување во Премиер лигата. Анри ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата и беше избран за фудбалер на годината од страна на фудбалска новинарска асоцијација.