„Разговори со еден тигар“ (англиски: Talks with a tiger) — книга за деца на англискиот писател Доналд Бисет од 1967 година.

Содржина Книгата содржи 25 раскази:Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Река од зборови“ „Анабела“ „Тигарчето што сакаше да се капе“ „Станицата што не седеше на едно место“ „Под килимот“ „Како се родила морската ѕевзда“ „Магла“ „Страница свртена наопаку“ „Скакулецот и полжавот“ „Полицаецот Артур и неговиот коњ Хари“ „Ветерот и кравите“ „Заборавениот роденден“ „Трошки од кифла“ „Трите ура“ „Ерос и славејчето“ „Мистер Џонс и ловецот на Еј“ „Тибетскиот јак“ „Трите шапки на мистер Хепи“ „Носорогот и добрата самовила“ „Петлето ветроказ и сонцето“ „Добриот змеј“ „Бам“ „Орелот и ѕвездата“ „Бумбарот и булдожерот „Слабиот крал и дебелиот готвач“

Изданија на македонски јазик Книгата „Разговори со еден тигар“ доживеала повеќе изданија на македонски јазик: Во 1993 година, таа била објавена како заедничко издание на „Мисла“, „Наша книга“, „Култура“, „Македонска книга“ и „Детска радост“, како лектира за второ одделение според наставниот план и програмата за основните училишта во Република Македонија. Преводот го направил Свето Серафимов, автор на корицата е Александар Каевски, нацртот и ликовно-графичкото обликување на корицата го направил Диме Исаиловски, автор на илустрациите е Драган Митровски, а јазичната редакција ја извршил Тодор Димитровски. Книгата, со обем од 64 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница, во Скопје, во 1993 година. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, но не ја содржи меѓународната ознака ISBN.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.

Наводи

Категорија:Дела на Доналд Бисет Категорија:Раскази за деца Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија Категорија:Книги од 1967 година