Бакутисов Брег () — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд, Западен Антарктик. Се протега од точка спроти источниот дел на островот Дин (), па до ’ртот Херлахер, или пак меѓу Хобсовиот Брег на западSCAR Gazetteer Ref. No 797 и Волгриновиот Брег на исток. Го опфаќа просторот меѓу 127°05' ЗГД и 114°12' ЗГД. Брегот е обиколен од неколку големи ледени острови и мошне пространиот Гецова Ледена Плоча. За првпат е забележан од посадата на Антарктичката служба на САД (1939–1941) и картографски исцртан со воздушни снимки направени во операијата „Скок во височина“ (1946–1947), обете предводени од адмиралот Ричард Берд. Геолошки топографскиот институт на САД извршил целосно картирање на брегот користејќи теренски земјомер и воздушни снимки на Воената морнарица од 1959 до 1966 г.

Бакутисов Брег|thumb

Брегот го добил името со одлука на Советодавната комисија за антарктички имиња во чест на контраадмиралот Фред Бакутис, командант на Силите за поморска поддршка на Антарктикот од 1965 до 1967 г.

Во задгрбнината на Бакутисовиот Брег се наоѓала поларната станица „Берд“, сместена 500 км копнено од самиот брег.

Извори

Наводи

Надворешни врски Бакутисов Брег на geographic.org

Категорија:Брегови на Антарктикот Категорија:Земја на Мери Берд