thumb|right|Џузепе Гарибалди Џузепе Гарибалди (, - , ) —Италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција. Се истакна како смел воен раководител на народните маси. Тој бил сопруг на Анита Гарибалди. Нивното партнерство било олицетворение на духот на романтизмот и револуционерното движење на 19-иот век.

Рани години лево|мини|Родната куќа на Гарибалди Роден е во Ница, тогаш дел од Кралството Сардинија. Потекнува од семејство на морнари, па уште како млад се занимавал со поморство. Во 1833 година се запознал со идеите на Џузепе Мацини и се приклучил кон движењето „Млада Италија“. Учествувал во неуспешно востание во 1834 година, по што бил осуден на смрт и принуден да побегне во изгнанство.

Животот во Јужна Америка Во 1835 година Гарибалди заминал во Јужна Америка, каде што поминал повеќе од дванаесет години. Таму се борел во граѓанските војни во Бразил и Уругвај. Во Уругвај ја формирал Италијанската легија, единица составена од италијански емигранти, која станала позната по црвените кошули на своите припадници. Во Јужна Америка ја запознал Ана Марија Рибејро да Силва (Анита), која станала негова сопруга и верна соратничка. Во овој период тој го усовршил герилскиот начин на војување, кој подоцна ќе го примени во Италија.

Улогата во Обединувањето на Италија Гарибалди се враќа во Италија во 1848 година и учествува во Првата војна за независност. Во 1849 ја бранел Римската Република против француската интервенција, стекнувајќи слава како „Херој на двата света“. Најголемиот успех го постигнал во Експедицијата на илјадата (1860), кога со своите доброволци – „Црвените кошули“ – ја освоил Сицилија и Неапол, што овозможило обединување на јужна Италија со северот под кралот Виктор Емануел II.

Категорија:Италијански револуционери Категорија:Италијански политичари Категорија:Италијански демократи Категорија:Родени во 1807 година Категорија:Починати во 1882 година Категорија:Личности од Француско-пруската војна