Европска политичка заедница, скратеница ЕПЗ (, скратеница EPC) — меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави. Првиот самит на ЕПЗ е одржан во октомври 2022 година во чешкиот главен град Прага со учество на 44 европски држави.
Иницијатива Европската политичка заедница е предлог на претседателот на Франција Емануел Макрон. Во текот на француското претседателствување со Советот на Европската унија, Макрон официјално го има претставено проектот на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 јуни 2022 година. Според предлогот на Макрон, целта на проектот е да се состави платформа за координација на политиките меѓу европските држави, да се поттикне политички дијалог и соработка за решавање на прашања од заеднички интерес, со крајна цел да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.
Учесници Земји членки на Европската унија кои учествуваат (27)
Некои земји учеснички не го признаваат Кипар односно Косово.
Земји кои не се членки на Европската унија, а учествуваат (20)
Организации кои учествуваат
Европска комисија Европски парламент Европски совет
Европски земји кои не учествуваат
Европски земји кои не се поканети да учествуваат
Дел од Казахстан се наоѓа во Европа, но самата земја нема силни врски со европските политички организации.
Наводи