„Кинеска, или подобро, на кинески начин: филм во создавање“ (француски: La Chinoise, ou plutôt à la Chinoise: un film en train de se faire) — француски филм од 1967 година, во режија на Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard) кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Ан Вјаземски (Anne Wiazemsky), Жан-Пјер Лео (Jean-Pierre Léaud) и Жилиет Берто (Juliet Berto). На Филмскиот фестивал во Венеција, Годар ја освоил Посебната награда на жирито, а филмот бил номиниран и за наградата „Златен лав“.HRT, Kineskinja, francuski film) (пристапено на 1.10.2020)
Содржина Во филмот се раскажува за група студенти кои се задоени со маоистички идеи и кои сакаат да направат револуција служејќи се со тероризам. Членовите на групата, Гијом и Вероник се наоѓаат во љубовна врска, но таа страда заради нивната приврзаност кон револуционерните цели. Групата одлучува да изврши атентат на висок службеник на руската влада кој е во посета на Париз, но работите тргнуваат во лоша насока...
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови на Жан-Лик Годар Категорија:Филмови со Жан-Пјер Лео Категорија:Филмови со Жилиет Берто Категорија:Филмови со Ан Вјаземски Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз