Крсто Богојевски (роден во Скопје, Република Македонија) е македонски сценограф.

Биографија Богојевски е дипломиран архитект на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Тој работи како сценограф во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Неговата сценографија е користена во претставите „Лето во кое те нема“ како и во детската претстава „Малата сирена“.

Награди и признанија Во 2022 година Богојевски ја добива наградата за најдобра сценографија за претставата „Малата сирена“ на Театарскиот фестивал за деца „Малиот Принц" во Штип.

Наводи Категорија:Сценографи Категорија:Македонски сценографи