Стеван Ацевски - Стевче (, ) — македонски филмски работник.

Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград на класата за организација.

Од 1965 година работи за продукцијата на „Вардар филм“. Во осумдесеттите години работи за продукцијата на „Авала филм“ - Белград, како продакшн-менаџер во копродукциите со италијански и американски партнери. Истовремено соработува и со играната (драмска) програма на Телевизија Скопје („Табакерата“ - директор на филм).

По осамостојувањето на Македонија до денес, Ацевски повторно работи во „Вардар филм“, при што во еден период, 1998/99, е в.д. директор, а моментално е во пензија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје