мини|десно|300п|Краците на Млечниот Пат
Персеев Крак — еден од двата главни спирални крака на Млечниот Пат (другиот е Штит-Кентаур). Кракот почнува од завршетокот на долгата средишна пречка на Млечниот Пат. Оддалечен е 6.400 светлосни години од Сончевиот Систем.
Преглед Млечниот Пат е пречкеста спирална галаксија со два големи крака и повеќе мали краци или изданоци. Персеевиот има полупречник од 10,7 килопарсеци и е сместен помеѓу Лебедовиот Крак и кракот Кобилица–Стрелец. Наречен епо соѕвездието Персеј порани неговата насоченост кон тоа соѕвездие гледајќи од Земјата.
Персеевиот Крак е еден од четирите поголеми краци. Долг е преку 60.000 сг и широк околу 1.000 сг, со агол на наваленост од речиси 9 степени.
Постои претпоставка дека месниот изданок наречен Орион-Лебед (во кој се Сончевиот Систем и Земјата) и сместен во Персеевиот Крак, е всушност негов огранок, но ова не е потврдено.
Членови Персеевиот ракав го опфаќа Двојното Јато и повеќе Месјеови објекти: Раковидна Маглина (M1) Расеано јато M36 Расеано јато M37 Расеано јато M38 Расеано јато M52 Расеано јато M103.
Поврзано Галактички диск Список на Месјеови објекти
Наводи
Надворешни врски Месјеови објекти во Млечниот Пат — SEDS
Категорија:Краци на Млечниот Пат Категорија:Галактичка астрономија Категорија:Спирални галаксии