мини|десно|24:00 часот на дигитален часовник Полноќ — преодно време од еден календарски ден кон друг. Според часовникот, поноќта е спротивна на пладнето, со временска разлика од 12 часа. Традиционално полноќта се смета за средината на ноќта.

Сончева полноќ е времето спротивно на сончевото пладне, кога Сонцето е најблиску до надирот, а ноќта е рамнооддалечена од квечерината и зората. Со воведувањето на часовните појаси кои важат низ повеќе меридијани, како и со летното сметање на времто, сончевата полноќ ретко ретко се совпаѓа со 12 часот на часовникот. Сончевата полноќ зависи од географската должина и годишното време наместо од еден часовен појас. Во римското времемерење, за полноќ се сметал мигот на половина помеѓу зајдисонцето и изгрејсонцето (т.е. сончева полноќ) и со тоа полноќта се разликувала зависно од годишното време.

На часовниците

Повеќето механички часовници се 12-часовни, па затоа полноќта физички се означува со бројката 12. Вообичаено е времето усмено да се искажува со таа бројка, дури и ако во дадената земја преовладува 24-часовното сметање на денот (како на пр. во Македонија). Онаму кајшто е изводливо, полноќта се претставува како 00:00 или 24:00 ч. Првото го означува почетното време на новиот ден, а второто се однесува на последното време од претходниот ден. Постојат некои механички часовници со 24 бројки за сказалките, но тие денес се сметаат за куриозитет.

На дигиталните часовници неретко постои избор за приказ на сите времиња во денот според 12-часовен или 24-часовен режим. Оваа можност се нуди заради влијателноста на земјите каде преовладува 12-часовното сметање, и таму сите времиња се изразуваат според тоа дали е пред или по пладнето, означувајќи ги часовите со a.m. (скрат. од лат. ante meridiem, „предплатне“) и p.m. (скрат. од лат. post meridiem, „попладне“). Кај ваквата употреба, полноќта е 12 a.m., односоно „12 часа попладне“ кардинално. Ова се разликува од македонската употреба, каде „12 часот попладне“ е членуван како реден број и со други зборови значи „дванаесеттиот час (по ред), кој е сместен на полноќ“.

Полноќта во уметноста и во популарната култура „Полноќ“ (српски: Ponoć) - песна на српскиот поет Ѓура Јакшиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 61-62. „Низ полноќта“ (српски: Kroz ponoć) - песна на српскиот поет Ѓура Јакшиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 64. „Полноќ“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 22. „Полноќ“ (англиски: Midnight) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.Yazoo – Upstairs At Eric's (пристапено на 12.12.2023) „Полноќ“ (германски: Mitternacht) — песна на германската група Крафтверк (Kraftwerk) од 1974 година.DISCOGS, Kraftwerk ‎– Autobahn (пристапено на 29.12.2020) „Полноќ“ (англиски: Midnight) — песна на британската техно-група Orbital од 1991 година.Orbital – Orbital (пристапено на 3.6.2023) „Полноќен скитач“ (англиски: Midnight Rambler) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones).YouTube, Midnight Rambler (пристапено на 20.12.2019) „Ноќва на полноќ“ (англиски: Tonight At Noon) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023) „Во полноќниот час“ (англиски: In The Midnight Hour) — песна на американскиот соул-музичар Вилсон Пикет од 1965 година.The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023)

Поврзано Полноќно сонце Полноќен каубој Полноќносина боја Глува доба, за која често се вели дека почнува на полноќ

Наводи

Надворешни врски

Полноќ — Национален институт за стандарди и технологија

Категорија:Делови од денот Категорија:Ноќ