Тампон-држава — земја која географски се наоѓа меѓу две непријателско расположени велесили или сфери на влијание. Со нивното постоење се смета дека се спречува конфликт меѓу нив. Тампон-држава понекогаш може да биде и меѓусебно договорена област која лежи помеѓу две поголеми сили, и која е демилитаризирана во смисла во неа да нема војска од договорните страни (иако обично има свои воени сили). Инвазија на тампон-државата од страна на една од силите што ја опкружуваат често резултира со војна меѓу силите.

Истражувањата покажуваат дека тампон-државите е многу поверојатно да бидат освоени и окупирани за разлика од другите држави. Регионалните или големите сили кои ги опкружуваат тампон-државите се соочуваат со стратешки императив да ги заземат: ако овие сили не ги нападнат тампон-државите, тие се плашат дека нивниот противник ќе го направи тоа.

Тампон-државите, кога самите стекнале независност, обично водат неутрална надворешна политика, по што се разликуваат од сателитските држави. Концептот на тампон-држави е дел од теоријата за рамнотежата на силите кое се појавило во европското стратешко и дипломатско размислување во 18 век.

Поврзано Марионетска држава Сателитска држава

Наводи

Категорија:Геополитика Категорија:Граници Категорија:Сувереност Категорија:Поранешни држави Категорија:Независност