Во жаргонот на сметачкото програмирање, протокот на лава е проблем во кој сметачкиот код напишан под неоптимални услови се става во производство и се додава додека се уште е во развојна состојба. Честопати, ставањето на системот во производство резултира со потреба од одржување на назадна совпадливост (бидејќи многу дополнителни составни делови сега зависат од тоа) со првичниот, нецелосен дизајн.

Промените во тимот за развој што работи на проект често ги влошуваат протоците на лава. Како што работниците влегуваат и излегуваат од проектот, знаењето за целта на аспектите на системот може да се изгуби. Наместо да ги исчистат овие делови, следните работници работат околу нив, зголемувајќи ја сложеноста и нередот на системот.

Протокот на лава се смета за протившаблонска, феномен што често се среќава што води до лош дизајн.

Наводи

Категорија:Протившаблони