Ден на македонската револуционерна борба — државен празник што се празнува на 23 октомври во Република Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.Владата со предлог закон за нови девет неработни денови -А1 ТелевизијаЗа законот гласаа 58 пратеници, двајца беа против, а двајца воздржани Денот е неработен.Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07

Историска заднина Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ води до создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите што живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.професор Виолета Ачковска - Институтот за национална историја

center|thumb|550п|Основачите на Македонскиот револуционерен комитет

Спорност thumb|250п|Дневниот весник „Вест“ со насловна страна на тема спорност на празникот

Бидејќи овој ден се смета за основање на ВМРО, македонската јавност идејата за овој ден да се прогласи за државен празник била прифатена со резерва. Македонската опозиција на чело со СДСМ била најмногу против прославата, бидејќи сметала дека партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се слави како државен празник.СДСМ во Куманово одби да игра фудбал со ВМРО-ДПМНЕ Дневник Некои првоборци и преродбеници сметаат исто така дека тоа е празник во служба на големобугарската идеја.Празник во служба на големобугарската идеја, Група првоборци и преродбеници, Утрински весник, Број 2228 среда, 8 ноември 2006

Прослава Во чест на Денот на Македонската револуционерна борба низ цела Македонија се случуваат разни свечености, концерти, спортски натревари. Официјалната свечена академија се одржува во Македонската опера и балет, каде се обраќаат високите државни лица и историчари од МАНУ.

Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево организирал изложба на фотографии и средба со кичевските писатели. Изложбата била насловена како „Фото сафари 2008“ и биле претставени педесетина фотографии од 36 автори направени на поголем број локации во земјава под менторство на Сара Лин — уредник за фотографија во списанието National Geographic.Во Кичево изложба по повод Денот на Македонската револуционерна борба

Во Битола се положуваат венци на споменикот на НОАВМ и споменикот на илинденците. Вечерта пред празникот студентите организираат манифестација наречена „Студентска комитска вечер“ на која се изведуваат монодрами и се прави заеднички коктел.Студентска комитска вечер

Празнични цитати

Награда „23 Октомври“

Поради важноста на историскиот настан на 23 октомври, Владата на Република Македонија во чест на празникот востанови доделување на наградата „23 Октомври“. Таа се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата и промоција на државните интереси, вредности и културно-историското наследство на Македонија. Во една година наградата може да се додели најмногу на пет лица. Паричниот износ на наградата изнесува 10 просечни плати исплатени во последните три месеци од тековната година. Први добитници на наградата се етнологот Танас Вражиновски, Тахир Зајази, истакнат педагог и методичар и Гане Тодоровски, афирмиран поет, критичар, преведувач, и книжевен полемичар.Објавени добитниците на државната награда „23 Октомври“ Наградата се доделува во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Наводи

Поврзано Државни празници во Република Македонија Илинден

Надворешни врски 23rd October - Day of Macedonian Revolutionary Struggle -You Tube 23th October - Celebrating Macedonian Holiday in Tetovo -You Tube Државната награда "23 Октомври" -You Tube

Категорија:Државни празници Категорија:Македонски празници Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија