thumb|right|250px|True speech of the Serbo - Macedonians, 1885. Деспот С. Баџовиќ () (1850 — 30 ноември 1930) — општественик, книжевник и револуционер.

Биографија

Деспот Баџовиќ и неговиот брат Ѓорѓи завршиле II одделение на Богословијата во Белград основана на Милош Милоевиќ. Во 1871 Баџовиќ отворил училиште во Крушево за околу 60 ученици каде тој и неговиот брат биле учители.

Во 1873 година станал учител во Битолската патријаршиска школа, а во 1874 година порадо неразбирање на српскиот јазик од страна македонските деца, се пројавил како учебникар. Напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Имено тој е потписник на букварот за македонските училишта „Букварот за основните македонски училишта во Турското Царство“, кој бил напишан на дијалект на македонскиот јазик.

Ѓорѓи станал учител во Смилево во 1875, а Деспот во 1876 заминал во Србија. Нивниот брат Кузман и неговата жена, Јелена Баџовиќ, ги замениле како учители.

За време на Втората српско-турска војна (1877-1878), заедно со Тодор Станковиќ, Милош Милојевиќ, архимандритот Сава Дечанец, Аксентије Хаџиарсич, Кост Шуменковиќ и Глигориј Чемерикиќ го формира Нишкиот комитет, револуционерно здружение и револуционерно друштво. кое имало за цел ослободување на југоисточна Србија.

Значајни дела

Македонско Питање, Предлог за споразум« измсђу Срба, Грка и Бугара о Савезу балканских народа - В. Градиште, шт. Штампарија Ане М. Драшхоција, 1893

Наводи

Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Родени во 1850 година Категорија:Починати во 1930 година Категорија:Србомани