мини|Ијан Флеминг (1958) Ијан Ланкастер Флеминг (28 мај 1908 – 12 август 1964) — британски писател кој бил најпознат по неговата повоена серија шпионски романи за агентот Џејмс Бонд. Флеминг потекнувал од богато семејство поврзано со трговската банка Роберт Флеминг и Ко, а неговиот татко бил пратеник во парламентот на Хенли од 1910 година до неговата смрт на Западниот фронт во 1917 година. Флеминг се школувал на Итонскиот колеџ, Сендхерст (Кралски воен колеџ) и накратко на универзитетите во Минхен и Женева. Флеминг сменил неколку работни места пред да почне да пишува.
Додека работел за британската поморска разузнавачка дивизија (во Обединетото Кралство), за време на Втората светска војна, Флеминг бил вклучен во планирањето на Операцијата Златно око и во планирањето и надзорот на две разузнавачки единици, 30 Единица за напад и Т-Силите. Неговото учество во воената служба му било инспирација во неговата кариера како новинар за голем дел од содржината, деталите и длабочината на неговите романи за Џејмс Бонд. Флеминг го напишал својот прв роман за тајниот агент Бонд, наречен Казино Ројал, во 1952 година. Тоа било голем успех, имено со вкупно три печатени изданија, за да се справат со побарувачката од страна на неговите читатели. Следеле вкупно единаесет романи за агентот Бонд и две збирки раскази кои биле издадени помеѓу 1953 и 1966 година. Во романите се работи за Џејмс Бонд, кој бил офицер во Тајната разузнавачка служба, попозната како МИ6. Џемс Бонд бил познат и по неговата шифра 007. Тој бил командант во Волонтерскиот резерват на кралската морнарица. Приказните за Бонд биле рангирани меѓу најпродаваните серијали книги на сите времиња, со продадени над 100 милиони примероци ширум светот. Ијан Флеминг, исто така, ја напишал детската приказна Чити-Чити-Банг-Банг и уште две нефикциски дела. Во 2008 година, списаниетоТајмс го рангирал Флеминг на 14-то место на својата листа на „50-те најголеми британски писатели од 1945 година дотогаш“.
Во 1952 Флеминг се оженил со Ен Шартерис, која претходно се развела од нејзиниот сопруг, Есмонд Хармсворт, вториот виконт од Ротермери. Разводот дошол поради нејзината афера со авторот Флеминг. Ијан Флеминг и неговата сопруга Шартерис имале син со име Каспер. Флеминг бил голем зависник од цигари и од алкохол во поголемиот дел од својот живот. Тој подлегнал на срцевата болест во 1964 година на 56-годишна возраст. Две од неговите книги за детективот Џејмс Бонд биле објавени постхумно. По неговата смрт други писатели продуцирале романи за познатиот детектив Бонд. Креацијата на Флеминг за Бонд се појавила во филмот вкупно дваесет и седум пати, портретирана од страна на седум различни актери.
Биографија
Раѓање и семејство алт=A discoloured brass plaque showing the names of those local men killed in the First World War|десно|мини| Споменикот на војната Гленелг, со список на Валентин Флеминг Ијан Ланкастер Флеминг е роден на 28 Мај 1908 година, на улицата Грин Стрит број 27 во богатиот лондонски кварт Мејфер. Неговата мајка се викала Евелин „Ева“ Флеминг, а неговиот татко Валентин Флеминг кој бил пратеник во парламентот на Хенли од 1910 до 1917 година. Како бебе, односно во најраните години од својот живот, тој накратко живеел со своето семејство во паркот Бразиерс во местото Оксфордшир. Флеминг бил внук на шкотскиот финансиер Роберт Флеминг, кој ја основал Шкотско - американска инвестициска компанија и трговска банка позната како Роберт Флеминг и Ко.
Во 1914 година, со почетокот на Првата светска војна, Валентин Флеминг се приклучил на ескадронот „Ц“, на сопствените Оксфордширски хусари на кралицата и се искачил до чинот мајор. Тој бил убиен при германското гранатирање на Западниот фронт на 20 мај 1917 година. Винстон Черчил, подоцнежниот Претседател на Англија напишал некролог за Валентин Флеминг што се појавил во списанието Тајмс. Бидејќи Валентин поседувал имот во Арнисдејл, неговата смрт била одбележана на Воениот гробишта Гленелг во местото Хајленд.
Постариот брат на Ијан Флеминг, Питер Флеминг (1907-1971) станал патописец и стапил во брак со глумицата Селија Џонсон. Питер служел во Гранадиерската гарда за време на Втората светска војна, а подоцна бил ангажиран под водство на Колин Габинс да помогне во формирањето на помошните единици и секако се вклучил во операциите зад линиите на фронтот во Норвешка, но и во Грција за време на Првата светска војна.
Флеминг имал и двајца помлади браќа, Ричард (1911-1977) и Мајкл (1913-1940). Најмладиот брат Мајкл починал од здобиените рани во месец октомври 1940 година, откако бил заробен на фронтот во Нормандија додека служел во лесната пешадија на Оксфордшир и Бакингемшир. во британската армија. Флеминг имал и помлада полусестра од мајка му родена вонбрачно, виолончелистката Амарилис Флеминг (1925–1999). Татко на Амарилис бил познатиот уметник Август Џон. Полусестрата Амарилис била зачната за време на долготрајната афера меѓу уметникот Џон и мајка му Евелин која започнала во 1923 година, шест години по смртта на татко му Валентин.
Образование и почетокот на животот Во 1914 година, Флеминг го посетувал училиштето Дарнфорд, подготвително училиште на островот Пурбек во местото Дорсет. Тој не уживал додека претстојувал во Дарнфорд; претрпел големо страдање исхранувајќи се со невкусна храна, трпел физички тешкотии и малтретирање. алт=A building in the Tudor style with a courtyard in front|лево|мини| Колеџот Итон, Алма исто како мајка за Флеминг од 1921 до 1927 година Во 1921 година, Флеминг се запишува на колеџот Итон. Тој немал некои особено високи академски достигнувања. Ијан Флеминг се истакнал во спортот особено во атлетиката. Ја добил титулата Виктор Лудорум („Победник на игрите“) и тоа две години по ред, помеѓу 1925 и 1927 година. Тој станал и уредник во училишно списание The Wyvern. Неговиот начин на живот во Итон го довел во конфликт со неговиот куќен домаќин, господинот Е.В. Слејтер, кој бил против однесувањето на Флеминг, бидејќи тој имал специфичен изглед со ставено масло во косата, неговото лудување со автомобил и неговиот начин на однесување особено со жените. Домарот Слејтер ја убедил мајката на Флеминг да го отпише од факултетот Итон предвреме за да го запише на напорен, интензивен курс за да добие влез во Кралскиот воен колеџ, Сендхерст. Флеминг поминал помалку од една година таму, заминувајќи во 1927 година без да добие надоместок откако се заразил со болеста гонореја.
Во 1927 година, мајката на Флеминг за да го подготви за можен влез во Министерството за надворешни работи, го испратила во институцијата Тенерхоф во градот Кицбиел, Република Австрија, мало приватно училиште управувано од ученикот Адлеријан и поранешен британски шпион Ернан Форбс Денис и неговата сопруга романописецот Филис Ботоме. Откако ги подобрил своите јазични вештини таму, тој продолжил да студира кратко време на Минхенскиот универзитет "Лудвиг Максимилијан" и на Универзитетот во Женева во Швајцарија. Додека бил во градот Женева, Ијан Флеминг започнал љубовна романса со Моник Паншо де Ботенс. Подоцна вљубениот пар се верил непосредно пред да се врати Ијан во Лондон во месец септември 1931 година, за да го полага испитот за влез во Министерството за надворешни работи на Британија. Флеминг го положил испитот со солиден успех, но не успеал да добие понуда за работа. Неговата мајка се вклучила интервенирајќи за неговото вработување, лобирајќи кај господинот Сер Родерик Џонс, шеф на новинската агенција Ројтерс. Во месец октомври 1931 година му била дадена позиција како под-уредник и новинар во компанијата. Во месец април 1933 година, Флеминг поминал извесно време во градот Москва, каде што го покривал процесот при судењето на сталинистичкиот монтиран судски процес на вкупно шест инженери од британската компанија Метрополитен-Викерс. Додека бил таму тој се пријавил да прави интервју со советскиот премиер Јосиф Сталин. Флеминг бил зачуден кога добил лично потпишана белешка од Сталин во која тој се извинувал што не можел да присуствува на евентуалното интервју. По враќањето од Москва, тој ја прекинал свршувачката со Моник Паншо, откако мајка му се заканила дека ако ја спроведе свршувачката дека ќе издејствува да му биде прекинат надоместокот од фондот.
Флеминг повторно подлегнал на семејниот притисок во месец октомври 1933 година кога заминал да работи во банкарскиот сектор со позиција на финансиер во Кул & Co. Во 1935 година се преселил во Роу и Питман во Бишопсгејт како брокер. Флеминг бил неуспешен во новонастанатата положба. Истата година, Флеминг ја запознал Муриел Рајт додека скијала во скијачкиот ценатар Кицбиел, Република Австрија и започнал долгогодишна врска со неа. По нејзината смрт во 1944 година, за време на бомбардирањето во Втората светска војна, Флеминг бил совладан со чувство на вина и каење. Генерално се сметало дека Муриел му дала инспирација за девојките што требало да ги создаде во неговите идни романи. На почетокот на 1939 година Флеминг започнал љубовна афера со Ен О'Нил, која била во брак со третиот барон О'Нил. Ен О'нил пак имала љубовна афера со господинот Есмонд Хармсворт, наследникот на Лорд Ротермер, сопственик на новинската агенција Дејли Меил.
Втора светска војна алт=A red brick building with white stone detailing in the Queen Anne style with French influences|десно|мини| Адмиралитетот, каде Флеминг работел во Поморската разузнавачка дивизија за време на Втората светска војна Во месец мај 1939 година, Флеминг бил регрутиран од страна на адмиралот Џон Годфри, директор на поморското разузнавање на Кралската морнарица, за подоцна да стане негов личен асистент. Тој се приклучил на организацијата со полно работно време во месец август 1939 година, со кодно име „17F“, и работел во просторијата 39 во Адмиралитетот, денес позната како зградата Рипли. Биографот на Флеминг, Ендрју Лајсет, забележал дека Флеминг „немал очигледни квалификации“ за својата улога која ја извршувал. Како дел од неговото назначување, Флеминг во месец јули 1939 година бил поставен во волонтерскиот резерват на Кралската морнарица, најпрво како поручник, но неколку месеци подоцна бил унапреден во поручник-командант.
Ијан Флеминг се покажал незаменлив во улогата на личен асистент на Џон Годфри и бил со одлични квалитети во административните работи. Годфри бил познат како конфликтен лик кој создавал непријатели во владините кругови. Тој често го користел Ијан како врска со останатите делови од владината администрација за време на војната. Таков пример бил со администрацијата од Тајната разузнавачка служба, потоа со Извршниот директор за политичко војување, Извршниот директор за специјални операции (SOE), како и Заедничкиот разузнавачки комитет и секако со персоналот на Премиерот.
На 29 септември 1939 година, набргу по почетокот на војната, Годфри пуштил во движење меморандум дека „Ијан Флеминг ги носи сите белези на Поручник - командант“. Ова било според историчарот Бен Мекинтајр. Тој бил наречен Мемо за пастрмка и го споредувал измамувањето на непријателот во време на војната со ловење при риболов. Ги имал сите овластувања со кои можело да се намамат U-бродовите и секако германските површински бродови кон минските полињата. Со тоа сакал да се прикрие планираната инвазија на Италија од страна на Северна Африка, која ја развил комадантот Чарлс во месец октомври 1942. Препораката за Мемото за пастрмка звучела: "Предлог (не многу добар), и продолжува: „Наредниот предлог е користен за книгата на Базил Томсон: имено труп преправен како воздухоплов, кој може да биде фрлен на брегот, наводно од падобран кој што откажал поради неисправност. Имам разбирње дека немало потешкотии да се добијат повеќе трупови во Поморската болница, но, се разбира, тие би требало да бидат свежи.“