thumb|right|Ал Рихла
Адидас Ал Рихла () е фудбалска топка со која се играло Светското првенство 2022 во Катар. Топката е дизајнирана од страна на германскиот производител за спортска опрема Адидас. Топката содржи суспендирана инерцијална мерна единица во нејзиниот состав што му доставува на VAR судијата моментални, многу детални податоци за движењето на топката. Топката е дизајнирана за одржливост, бидејќи е првата официјална топка за Светско првенство произведена со еколошки мастила и лепила.
Име На арапски Ал Рихла значи "патување": Рихла е исто така традиционален жанр на арапската литература за патувања.
Историја Адидас ја претставил „Ал Рихла“ на 30 март 2022 година. На презентацијата во Катар биле некои поранешни освојувачи на Светското првенство како Кака (Бразил) и Икер Касилјас (Шпанија), како и некој други фудбалери како Фарах Џефри (Саудиска Арабија) и Нуф Ал Анзи (Обединети Арапски Емирати).
Наводи
Надворешни врски Ал Рихла на adidas.com Ал Рихла на сајтот на ФИФА
Категорија:Светско првенство во фудбал 2022 Категорија:Фудбалски топки Категорија:Адидас