„Конец“ () ― расказ од Ги де Мопасан од 1883 година . Вклучен е во збирката раскази „Госпоѓица Харие“.Guy de Maupassant, Miss Harriet, V. Havard, 1884, III-251 p. WorldCat

Резиме На пазарниот ден во францускиот град Годервил, меѓу присутните биле и еден правен службеник (метр, maître) Хошкорн и неговиот непријател метрот Маланден. Шетајќи по патот, Хошкорн видел парче конец на патот и помислил дека ќе може да го искористи во иднина и така се наведнал да го земе. Тој забележал, сепак, дека Маланден гледа и знаел дека ќе се засрами ако Маланден го види како крева мал конец, па гордиот Хошкорн се однесувал како да бара нешто. Тој ден излегла вест дека некој го изгубил паричникот. Брзо, Маланден го обвинил Хошкорн дека го украл паричникот, а градот му поверувал, и покрај невиноста на Хошкорн. Градот Годервил не верувал дека Хошкорн е невин, иако некој го нашол паричникот на улица и го вратил. За иронија, Хошкорн умрел од скршено срце, очајувајќи да биде сметан дека е лажго.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Раскази од Ги де Мопасан Категорија:Раскази од 1883 година