Петруш Лазаров Скоклески (8 јули 1923 во Горенци, Охридско — 16 април 1945 во Горенци, Охридско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Петруш Лазаров Скоклески е роден на 8 јули 1923 година во селото Горенци. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ пристапил на 10 декември 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада се разболува. Од последиците на воени напори умира дома на 16 април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ