Борукански јазик (на борукански: брункајк, познат и како Борука, Бронка, Бронка, Брунка) ― мајчин јазик на Боруканците од Костарика. Боруканскиот припаѓа на истмската гранка на чибчанските јазици. Иако точните бројки на говорниците се неизвесни, Атласот на светските јазици во опасност на УНЕСКО го навел боруканскиот како „критично загрозен“.UNESCO. “UNESCO Atlas of the World’s Languages in Danger”. 2017. http://www.unesco.org/languages-atlas/index.php. Течно го зборувале само пет жени во 1986 година, додека 30 до 35 други го зборувале нетечно. Останатите 1.000 членови на племето зборуваат шпански.

Боруканскиот е изучуван како втор јазик во месното основно училиште „Дорис З. Стоун“. Може да се слушнат борукански зборови и фрази измешани во разговори на шпански, но исклучително ретко се слушаат долги размени на борукански.

Граматика

Личните заменки на борукански (в претставува глотален прекин) Лице Еднина Множина 1-во ат див / див ројк 2-ро ба бив / бив ројк 3-то и и ројк / ив ројк Броевите („n̈“, „n“ со дијареза (¨) на врвот може да бидат недостапни во некои фонтови, тој претставува малку поинаков звук од нормалниот n или ñ).

Поздравување ¿Ишојкре рабан? = Што има?

Морен, морен. = Добро, во ред.

Поврзано

Борукански знаковен јазик

Надворешни врски

Карта на Боруканскиот јазик

Наводи

Категорија:Јазици во Костарика Категорија:Загрозени чибчански јазици Категорија:Јазични статии кои го цитираат Етнолог 18