Фабијан О’Нил (роден на 14 октомври 1973 година во Пасо де лос Торос - починал на 25 декември 2022 во Монтевидео) — уругвајски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Биографија О’Нил има ирско потекло; тој е правнук на Мајкл О’Нил, Ирец од округот Корк, кој пристигнал во Уругвај во 1837 година. Тој бил најстарото од петте деца на неговите родители Луис Алберто О’Нил и Мерседес Домингес. Напуштен од неговите родители, О'Нил бил одгледан од неговата баба, со која морал да го дели креветот до 14-годишна возраст. Почнал да работи веќе на деветгодишна возраст, продавајќи колбаси пред бордел и веќе на таа возраст започнал со пиење алкохол.
О'Нил има две ќерки и еден син, од кои секој е роден од различна мајка.
За време на играчката кариера бил познат по прекарот „Ел Маго“ (на македонски волшебникот). О'Нил бил наречен од Зинедин Зидан како најталентираниот соиграч во неговата кариера. Тој страдал од алкохолизам за време и по неговата кариера, се пензионирал на 29 години и умрел 20 години подоцна.
Починал на 25 декември 2022, на 49-годишна возраст, откако ден претходно бил хоспитализиран во болница во Монтевидео, со крварење поради заболување на црниот дроб.
Клупска кариера Првите чекори ги направил во Дефенсор, аматерски тим во неговата земја. На 15-годишна возраст се приклучил на младинската академија на Насионал од Монтевидео. Со првиот тим дебитирал во 1992 година и истата година го освоил уругвајското првенство.
Во ноември 1995 година, бил купен од италијанската екипа Каљари со посредство на агентот Пако Касал. Своето деби за клубот во Серија А го имал на 26 ноември против , а својот прв гол во лигата го постигнал на 21 април 1996 година, за време на домашниот натпревар против кој завршил со победа на Сардинијците со 2-0. За Каљари одиграл пет последователни сезони, од кои четири во Серија А и една во Серија Б, забележувајќи вкупно 120 настапи и 12 гола.
Во летото 2000 година, тој се преселил во Јувентус, кој го купил уште претходната година за 18 милијарди лири плус позајмицата на Рафаеле Аметрано. Со бјанконерите тој не успеал да ги повтори одличните настапи кој ги имал во дресот на Каљари, губејќи ја и физичката форма.
Во јануари 2002 година, тој бил продаден на Перуџа како дел од преговорите што го донеле Давиде Бајоко во Јувентус. За овој клуб излегол на терен во 9 наврати; постигнал еден единствен гол на 3 март против Торино од слободен удар. Тренерот Серсе Косми го дефинирал како технички најсилниот играч што го тренирал, но исто така посочил дека има одредена слабост во карактерот.
На крајот на сезоната, тој го раскинал договорот што го врзувал за Перуџа и се вратил во Каљари, во Серија Б. Неговото второ искуство во Сардинија траело само неколку месеци, без воопшто да излезе на терен; затоа одлучил да се врати во Уругвај во Насионал, каде ја завршил професионалната кариера во 2003 година, на возраст од 29 години.
Репрезентативна кариера О’Нил играл на Светското првенство за играчи под 20 години во 1993 година, придонесувајќи со 4 настапи и 2 гола за пласманот на Уругвај во четвртфиналето, каде што биле поразени од Австралија.
За сениорската репрезентација одиграл 19 натпревари и постигнал 2 гола, a своето деби го имал на 16 јуни 1993 година против САД на Копа Америка.
Тој бил повикан за Светското првенство 2002, но не настапил ниту еднаш поради повреда на Ахиловата тетива.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1992 НасионалПД61---КЛ 00---611993ПД195---КЛ 40---2351994ПД194---КЛ 32---2261995ПД195---------1951995-1996 А151КИ2 1------1721996-1997А25+1Бараж за опстанок.2+0КИ20------2821997-1998Б282КИ20------3021998-1999А315КИ30------3451999-2000А212КИ63------2752000-2001 А100КИ10ЛШ20---1302001-јан. 2002А40КИ00ЛШ30---70Вкупно Јувентус 14 0 1 0 5 0 - - 20 0 јан.-јун. 2002 А91КИ00------91авг.-окт. 2002 Б00КИ00------00Вкупно Каљари 120+1 12+0 15 4 - - - - 136 162003 НасионалПД50---КЛ 32 - - - 82Вкупно Насионал 68 15 - - 10 4 - 78 19Вкупно во кариерата 212 28 16 4 15 4 - - 243 36
Титули Насионал Примера Дивисион : 1 1992
Наводи
Надворешни врски
Фабијан О’Нил на soccerway Фабијан О’Нил на transfermakt Фабијан О’Нил на tuttocalciatori Фабијан О’Нил на worldfootball
Категорија:Починати во 2022 година Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1973 година