Бретноци (; or Vretoned, ) се келтска етничка група во Бретања. Тие водат потекло од Британците кои емигрирале од југозападна Велика Британија, особено од Корнвол и Девон, за време на Англо-Саксонското освојување на Британија. Тие мигрирале во бранови од 3-ти до 9-ти век (најинтензивно од 450 до 600) во Арморика, која по нив била наречена Бретања.
Главниот традиционален јазик во Бретања е бретонскиот (Brezhoneg), зборуван во Долна Бретања (т.е., западниот дел од полуостровот). Бретонски јазик зборувале околу 206,000 луѓе во 2013. Друг главен малцински јазик во Бретања е Гало; кој се зборува во Горна Бретања, каде што бретонскиот е помалку доминантен. Како дел од групата на Британски јазици, бретонскиот е тесно сврзан со корнскиот, а подалеку и со велшкиот, додека јазикот гало спаѓа во групата на Романски оилски јазици. Моментално, најголем дел од Бретонците зборуваат на француски јазик.
Наводи
Категорија:Келти