Тихоокенаска војна (), позната и како Шалитрова војна () ― војна меѓу Чиле и Боливиско-перуанскиот сојуз што траела од 1879 до 1884 година. Војната избувнала поради чилеанските претензии за крајбрежната боливиска територија во пустината Атакама, а завршила со победа на Чиле кој се здобил со значителни територијални придобивки за сметка на Перу и Боливија.
Војната започнала поради спорот меѓу Боливија и Чиле за оданочување на нитрати, а Перу бил вовлечен поради неговиот таен сојуз со Боливија. Но, историчарите укажуваат на подлабоки причини за војната, како интересот на Чиле и Перу за бизнисот со нитрати, долгогодишното ривалство меѓу Чиле и Перу, како и политичките и економските разлики меѓу Чиле, Перу и Боливија. На 14 февруари 1879 година, вооружените сили на Чиле го окупирале боливискиот пристаништен град Антофагаста, па на 1 март 1879 започнала војна меѓу Боливија и Чиле на 5 април 1879 се приклучил и Перу.
Битките се водеа во Тихиот Океан, пустината Атакама, перуанските пустини и планинските предели во внатрешноста на Перу. Во првите пет месеци, војната се одвивала на море, и Чиле се обидувал да воспостави коридор преку море за да ги снабдува своите сили во пустината Атакама. Следувала копнена кампања на Чиле во која ги победил боливиската и перуанската војска. Боливија по Битката кај Такна (26 мај 1880) се повлекла од војната. Чилеанските сили во јануари 1881 година го окупирале главниот град на Перу, Лима. Преостанатите и нередовните припадници на перуанската армија воделе герилска војна, но не можеле да ги спречат уморните од војна перуанските фракции да постигнат мировен договор со Чиле кој вклучува територијални отстапки.
На 20 октомври 1883 година, Чиле и Перу го потпишале Договорот од Анкон. Боливија потпишала примирје со Чиле во 1884 година. Чиле ја добил перуанската територија Тарапака, спорниот боливиски департман Литорал (со што Боливија станала земја без излез на море) и привремена контрола врз перуанските региони Такна и Арика. Во 1904 година, Чиле и Боливија потпишале Договор за мир и пријателство, со кој биле воспоставени дефинитивни граници. Со Договорот од Лима од 1929 година Арика му била отстапена на Чиле, а Такна на Перу.
Причини и повод Во 19-тиот век, откако повеќето јужноамерикански држави се стекнле со независност од Шпанија и Португалија, границите не биле јасно зацртани, а проблемот бил најизразен во ретко населените делови од новите држави. Граничниот спор во Атакама меѓу Боливија и Чиле за крајбрежните територии меѓу приближно 23° и 24° јужна паралела, бил само еден од неколкуте долгогодишни гранични конфликти во Јужна Америка.
Сувата клима на перуанското и боливиското крајбрежје овозможила акумулација на огромна количина висококвалитетни депозити на гуано и натриум нитрат. Во 1840-тите, Европејците биле запознати со вредноста на гуано и нитратот како ѓубриво и улогата на шалитрата во експлозивите. Пустината Атакама станала економски важно подрачје.
По започнувањето на чилеанската сребрена треска од 1830-тите, Атакама била пребарувана и населена од Чилеанци.Bethell, Leslie. 1993. Chile Since Independence. Cambridge University Press. pp. 13–14. Чилеанските и странските претпријатија во тој регион подоцна се прошириле и ги зеле под контрола перуанските наоѓалишта на шалитра. Во перуанскиот регион Тарапака, Перуанците биле малцинство, зад Чилеанците и Боливијците.
Договор за разграничување (1866) Боливија и Чиле во 1866 склучиле договор за разграничување познат како „Договорот од взаемна корист“, со кој како меѓусебна граница била поставена 24° јужна паралела „од брегот на Тихиот Океан до источните граници на Чиле“. И двете земји се согласиле да ги делат на половина даночните приходи од извозот на минерали од територијата помеѓу 23° и 25° јужна паралела. Двопартитното собирање даноци предизвикало незадоволство, а договорот траел само осум години.
Таен договор за сојуз (1873) Во февруари 1873 г., Перу и Боливија потпишале таен договор за сојуз против Чиле. Во сојузот тајно била поканета и Аргентина, која долго време имала спор со Чиле за Магелановиот Проток и Патагонија, а во септември 1873 година, аргентинското собрание го одобрило договорот и 6.000.000 аргентински пезоси за воени подготовки. Аргентина и Боливија не се договориле за териториите Тариха и Чако, а Аргентина исто така се плашела од сојуз на Чиле со Бразил. Аргентинскиот Сенат ја одложил, а потоа ја отфрлил одлуката за сојуз. Cap. XXVII La Alianza secreta de Bolivia y el Peru На почетокот од војната, во повторен обид, Перу ѝ ги понудил на Аргентина чилеанските територии од 24° до 27° јужна паралела, ако Аргентина се приклучи на пактот и се бори во војната.
На 26 декември 1874 г., неодамна изградениот железен Кокрајн пристигна во Валпараисо и остана во Чиле до завршувањето на Бланко Енкалада . Тоа го фрли балансот на силите во Јужниот Тихи Океан кон Чиле. "The beginning of the Peruvian naval inferiority and lack of initiative for preventive war"
Договор за разграничување (1874) Во 1874 г., Чиле и Боливија го промениле Договор за разграничување од 1866 година така тоа што ја задржале границата по 24° јужна паралела, но Боливија сега била овластена да ги собира сите даночни приходи меѓу 23° и 24° јужна паралела. Како надомест за откажувањето од своите права, на Чиле му била дадена гаранција дека во следните 25 години ќе нема зголемување на даноците на чилеанските комерцијални интереси и нивниот извоз.
Повод за војна мини| Сите територијални претензии на Чиле во 1879 година Американскиот историчар Вилијам Ф. Сатер дава неколку можни причини за војната. Тој смета дека причините се домашни, економски и геополитички. Неколку автори се согласуваат со нив, но други само делумно ги поддржуваат неговите аргументи.
Некои историчари сметаат дека Чиле бил уништен од економската криза од 1870-тите Historia contemporánea de Chile III. La economía: mercados empresarios y trabajadores. 2002. Gabriel Salazar and Julio Pinto. pp. 25–29. и барал замена за извозот на сребро, бакар и пченица.Salazar & Pinto 2002, pp. 25–29. Се тврди дека економската состојба и проценетата нова вредност на нитратите биле вистинската причина за чилеанската власт да војува против Перу и Боливија.
Данок од десет центи Во 1868 година, компанија по име Compañía Melbourne Clark била основана во Валпараисо, Чиле, со 34% британски капитал.Luis Ortega, "Los Empresarios, la política y los orígenes de la Guerra del Pacífico", Flacso, Santiago de Chile, 1984, p. 17 Меѓу акционерите имало и многу водечки чилеански политичари. Компанијата добила лиценца за изградба на пруга од Антофагаста до Салинас, и била преименувана во Compañía de Salitres y Ferrocarril de Antofagasta (CSFA).
На 27 ноември 1873 година, CSFA добила дозвола од новата влада во Боливија 15 години да експлоатира шалитра без да плаќа царина.
Во 1875 година, градот Антофагаста се обидел на CSFA да ѝ наметне данок од 3 центи, но боливискиот државен совет го отфрлил данокот бидејќи ја крши лиценцата од 1873 година и Договорот за разграничување од 1874 година.
На 14 февруари 1878 година, Националниот конгрес на Боливија и Националното конститутивно собрание донеле одлука дека ќе ја потврдат лиценцата за експлоатација од 1873 година ако компанијата плаќа данок од 10 центи по квинта, ама компанијата се спротивставила цитирајќи го договорот од 1874 година дека зголемените плаќања се незаконски и побарала интервенција од чилеанската влада.
Откако се откажала од спорните територии во замена за боливиско ветување дека нема да го зголемува на данокот, Чиле тврдел дека договорот не дозволува такво зголемување на даноците. Боливија го суспендирала данокот во април 1878 година. Во ноември, Чиле предложил посредство и предупредил дека одбивањето на Боливија да се откаже данокот ќе го принуди Чиле да го прогласи договорот од 1874 година за ништовен. Во декември 1878 година, Боливија, охрабрена од својот воен сојуз со Перу, го предизвикала Чиле и изјавила дека данокот не е поврзан со договорот и дека барањето на CSFA треба да се реши пред боливиските судови и повторно го вовела данокот. Кога компанијата одбила да го плати данокот, Боливија на 11 февруари го конфискувала нејзиниот имот и се заканила дека ќе го продаде на 14 февруари за да го ликвидира долгот на компанијата.
Чилеанска инвазија на Антофагаста Во декември 1878 година, Чиле испратил воен брод во областа. На 6 февруари, боливиската влада ја поништила дозволата за експлоатација на CSFA и ѝ го конфискувала имотот. На 11 февруари веста стигнала до Валпараисо и чилеанската влада одлучила да го окупира регионот Антофагаста јужно од 23° јужна географска ширина. На денот на планираната акција, 200 чилеански војници пристигнале со брод во пристанишниот град Антофагаста и го зазеле без отпор. Окупаторите добиле поддршка од месното население, од кои што 93–95% биле Чилеанци.
Боливиската територија помеѓу 23° јужна географска ширина и реката Лоа (границата со Перу), остана неокупирана од чилеанските сили речиси еден месец по боливиската објава на војна. На 21 март биле окупирани Кобија, а потоа Калама, Токопила и други села. Чилеанската влада побарала од боливиските носители на функции да ја задржат функцијата, но тие одбиле.
Перуанско посредување и објавување на војна од Боливија На 22 февруари, Перу испратил дипломатски тим предводен од Хосе Антонио де Лавале во Сантјаго за да посредува меѓу чилеанската и боливиската влада. Перу во меѓувреме им наредил на својата флота и војска да се подготват за војна. Де Лавале пристигнал во Валпараисо на 4 март. На 27 февруари, Даза објавил јавен манифест за да ги информира Боливијците за окупацијата на Антофагаста и ги повикал на патриотска поддршка. Истиот ден, боливискиот законодавен дом одобрил формална објава на војна против Чиле, но не била веднаш објавена. На 1 март, Даза издал декрет за забрана на секаква трговија и комуникација со Чиле „додека трае воената состојба во Боливија“. Тој на Чилеанците им дал десет дена да ја напуштат територијата на Боливија.
Во Сантјаго, Лавале побарал повлекување на Чиле од Антофагаста и во покраината да се воведе трипартитна администрација на Боливија, Чиле и Перу без притоа Боливија да гарантира дека ќе го прекине ембаргото или ќе го повлече новиот данок.:
На 14 март, на состанокот со странските сили во Лима, Боливија објавила дека е војна со Чиле. Оваа декларацијата имала за цел да го спречи Чиле и понатаму да купува оружје од Европа и да го поткопа перуанското посредување во Чиле. Боливија го повикала Перу да го активира договорот за сојуз.
Исто така, на 14 март, Алехандро Фиеро, чилеанскиот министер за надворешни работи, испратил телеграма до претставникот на Чиле во Лима, Хоакин Годој, за да побара неутралност на перуанската влада. На 17 март Годој официјално го претстави чилеанскиот предлог на средба со перуанскиот претседател Прадо.
На 21 март, Годој испратил телеграма до чилеанската влада за да ги информира за тајниот договор меѓу Перу и Боливија, кој му бил откриен од перуанскиот претседател Прадо.
На 23 март, на пат за да ја окупираат Калама, 554 чилеански војници и коњаница поразиле 135 боливиски војници и цивили, кои биле вкопани кај два уништени моста до фјордот Топатер. Битката кај Топатер била прва битка во војната.
Кога чилеанската влада директно и официјално го прашала Лавале дали постои одбранбен сојуз со кој Перу се обврзува да ѝ помогне на Боливија во војната со Чиле и дали Лима планира да го почитува договорот, Лавале не можел повеќе да крие и потврдно одговорил на двете прашања. Чилеанскиот претседател Пинто побарал и добил одобрение од законодавниот дом да објави војна, и го направил тоа на 5. април 1879. Перу одговорил на 6 април, кога Прадо прогласил casus foederis (сојузничка работа).
Војна
Војска