алт=Scanning electron micrograph of a human neutrophil ingesting MRSA|мини| Скенирачка електронска микрографија (СЕМ) на човечки неутрофил кој фагоцитира МРСА Метицилин-резистентен стафилококус ауреус (МРСА), т.е. стафилококус ауреус отпорен на метицилин, е група грам-позитивни бактерии, соеви од бактеријата Staphylococcus aureus, кои се отпорни кон речиси сите достапни бета-лактамски антибиотици. МРСА има значење во болниците и домовите за нега во предизвикувањето на низа на инфекции кои се тешки за лекување.
Во клиничката употреба често се зборува за мултирезистентен стафилококус, поради тоа што повеќето од МРСА соевите се отпорни не само кон бета-лактамските антибиотици, туку и кон други групи на антибиотици.
МРСА е честа појава во болниците, затворите и домовите за стари лица, каде што луѓето со отворени рани, инвазивни уреди како катетри или луѓе со ослабен имунолошки систем се изложени на поголем ризик од инфекција. Во последно време се појавија и соеви кои се шират надвор од болнички услови па затоа сега се разликуваат следниве поими: МРСА стекната во болнички услови (HA-MRSA, healthcare-associated) МРСА стекната во заедницата (CA-MRSA, community-associated), како и МРСА која е поврзана со одгледување добиток (LA-MRSA, livestock-associated).
Знаци и симптоми мини|Иако обично може да опстојува без да предизвика симптоми, МРСА често се манифестира како мала гнојна кожна инфекција Кај луѓето, Staphylococcus aureus е дел од нормалната бактериска популација присутна во горниот респираторен тракт, на кожата и во цревната слузница. Меѓутоа, заедно со слични бактериски видови кои можат да колонизираат и да дејствуваат симбиотски, тие можат да предизвикаат и болест доколку почнат да се шират низ ткивата каде што првично ги колонизирале или да се прошират во други ткива.
Инфекцијата со МРСА во болнички услови најчесто се случува кај луѓе кои веќе имаат друго заболување или се со ослабен имунитет. Соевите на МРСА кои се карактеристични во услови на инфекција произлезена во заедницата, поседуваат дополнителни фактори на патогеност, поради што можат да предизвикаат тешки инфекции и кај луѓе кои се инаку здрави. Тука се вбројуваат, меѓу другото и МРСА соевите кои го поседуваат факторот ПВЛ (Пантон Валентин Леукоцидин), кои предизвикуваат кожни инфекции со формирање на абсцес.
Ризик фактори Наведени се неколку од популациите изложени на ризик вклучуваат:
Луѓе со вградени импланти, протези, уреди за одведување телесна течност и катетри Луѓе кои се често во преполни места, особено кои споделуваат заедничка опрема иле се во контакт кожа на кожа Луѓе со слаб имунолошки систем (ХИВ / СИДА, лупус или пациенти со рак ; приматели на трансплантација ; тешки астматичари итн. ) Дијабетичари Корисници на дрога преку вена Редовен контакт со некој кој инјектирал дрога во изминатата година Корисници на хинолонски антибиотици Постари луѓе Училишни деца кои споделуваат спортска и друга опрема Студенти кои живеат во студентски домови Луѓе кои престојуваат или работат во здравствена установа подолг временски период Луѓе кои поминуваат време во крајбрежни води каде што е присутна МРСА Луѓе кои поминуваат време во затворени простори со други луѓе, вклучително и станари на засолништа за бездомници, затвореници и воени регрутери Ветеринари, ракувачи со добиток и сопственици на домашни миленици Луѓе кои конзумираат непастеризирано млеко Луѓе кои се со ослабен имунитет и се истовремено колонизирани со сојот МРСА Луѓе со хронична опструктивна белодробна болест Луѓе кои имале операција во градниот кош
Дури 22% од луѓето заразени со МРСА немаат никакви забележливи фактори на ризик.
Хоспитализирани лица Луѓето кои се хоспитализирани, вклучително и постарите, често имаат ослабен имунитет и се подложни на инфекции од секаков вид, вклучително и МРСА. Инфекција со МРСА во вакви услови се нарекува болнички-стекната МРСА. Кај оние кои се заразуваат со МРСА, инфекцијата трае нешто помалку од 10 дена доколку се третирани од лекар, иако ефектот инфекцијата варира од личност до личност.
И хируршките и нехируршките рани може да се инфицираат болнички-стекната МРСА Инфекциите на оперираното место се јавуваат на површината на кожата, но може да се прошират на внатрешните органи и во крвта и да предизвикаат сепса. Преносот може да се случи од здравствените работници на пациентите бидејќи може да се случи да занемарат да да извршат превентивно миење на рацете помеѓу прегледите.
Луѓето во домовите за стари лица се изложени на ризик од сите горенаведени причини, дополнително комлициран поради нивниот општо ослабен имун систем.
Затвореници и воен персонал Затворите и воените бараки може да бидат преполни и ограничети, а лошата хигиенска навика да се влошува, со што жителите се изложени на зголемен ризик од заразување со МРСА.
Животни Употребата на антибиотици кај добитокот го зголемува ризикот да се развие МРСА во добитокот. Некои од МРСА соевите, како на пример соевите MRSA ST 398 и CC398 се преносливи на луѓе. Животните обично не покажуваат симптоми, т.е. се асимптоматски.
Домашните миленици се подложни на инфекција со МРСА преку пренос од нивните сопственици, као и обратно, миленичињата инфицирани со МРСА, исто така, можат да пренесат МРСА на луѓето.
Спортисти Соблекувалните, спортските сали и соодветните спортски објекти нудат потенцијални места за контаминација и инфекција со МРСА. Спортистите се сметаат како група со висок ризик. Три студии на Министерството за здравство на државата Тексас покажале дека стапката на инфекција меѓу фудбалерите е 16 пати поголема од националниот просек.
Деца Децата и возрасните кои доаѓаат во контакт со дневни центри, игралишта, соблекувални, кампови, домови, училници и други училишни поставки, како и спортски сали и простории за вежбање се изложени на поголем ризик од заразување со МРСА. Родителите треба да бидат особено внимателни кон децата кои учествуваат во активности каде што се споделува спортска опрема.
Механизам на стекнување отпорност Отпорноста кон антибиотици (антибиотска резистенција) е генетски условена. Каректеристично за МРСА е способноста да опстојува во присуство на антибиотици слични на пеницилин, т.н. бета-лактамски антибиотици. Механизмот на отпорност кон бета-лактамските антибиотици не се основа на создавање бета-лактамаза, како што е случај со некои други групи на антибиотици, туку со продукција на променет пеницилиноврзувачка белковина (penicillin binding protein 2a, PBP2a). Со тоа, бета-лактамските антибиотици не можат да се врзат за ензимот и да го инактивираат и затоа го губат дејството во инхибиција на синтезата на пептидогликанскиот ѕид. на бактеријата. Дијагноза мини|Милер-Хинтон агар покажува МРСА отпорен на оксацилин Дијагностичките микробиолошки лаборатории и референтните лаборатории се клучни за идентификување на епидемии со МРСА. Вообичаено, бактеријата мора да се култивира од крв, урина, спутум или други примероци од телесни течности и во доволни количини за да се извршат потврдни тестови на почетокот. Сепак, бидејќи не постои брз и лесен метод за дијагностицирање на МРСА, првичниот третман на инфекцијата често се заснова на „силен сомнеж за МРСА“ и на техники за лекување од страна на лекарот што лекува. Дијагностичките методи вклучуваат квантитативни PCR процедури, кои се користат во клиничките лаборатории за брзо откривање и идентификување на соеви на MRSA.
Друг вообичаен лабораториски тест е брз тест за латекс-аглутинација кој го детектира изменетиот пеницилиноврзувачка белковина PBP2a. PBP2a е варијанта на пеницилиноврзувачката белковина (ензимот транспептидаза, кој има улога во синтезата на клеточниот ѕид), кој ја одредува способноста на S. aureus да биде отпорен кон бета-лактамски антибиотици.
Микробиологија Како и сите S. aureus, S. aureus отпорен на метицилин (МРСА) е Грам-позитивна, топчеста бактерија со дијаметар од околу 1 микрон. Не формира спори и не е подвижен. Често се наоѓа во групации слични на грозје. За разлика од S. aureus чувствителен на метицилин (МССА), МРСА бавно расте на различни медиуми и е откриено дека опстојува во мешани колонии заедно со МССА. Генот mecA, кој дава отпорност на голем број антибиотици, е секогаш присутен во МРСАи обично отсутен во МССА; сепак, во некои случаи, генот mecA е присутен во МССА, но не е изразен (неактивен). Тестирањето на полимеразна верижна реакција (PCR) е најпрецизната метода за идентификација на соеви на МРСА. Специјализирани медиуми за култура се развиени за подобра разлика помеѓу МССА и МРСА и, во некои случаи, таквите медиуми може да се користат за да се идентификуваат специфични соеви кои се отпорни на различни антибиотици.
Појавени се и други соеви на S. aureus кои се отпорни на оксацилин, клиндамицин, теикопланин и еритромицин. Овие резистентни соеви може или не мора да го поседуваат генот mecA . S. aureus, исто така, има развиено отпорност на ванкомицин (ванкомицин-резистентен стафилококус ауреус, ВРСА). Еден од соевите е само делумно осетлив на ванкомицин и се нарекува ванкомицин-интермедијален S. aureus (ВИСА). Сојт на S.aureus кој е помалку осетлив, но не целосно неосетлив (т.н. интермедијален) кон гликопептидните антибиотици (ванкомицин, теикопланин) се нарекува и ГИСА (гликопептид интермедијален стафилококус ауреус). Отпорноста на антибиотици кај S. aureus може да се квантифицира со одредување на количината на антибиотикот што мора да се користи за да се инхибира (спречи) растот. Ако концентрацијата на антибиотикот која е потребна да го спречи растот на S. aureus е помала или еднаква на 4 μg/ml, тогаш се вели дека е S. aureus осетлив кон антибиотикот. Ако концентрацијата на антибиотикот која е потребна да го спречи растот на S. aureus е поголема од 32 μg/ml, тогаш се вели дека S. aureus е отпорен (резистентен) кон тој антибиотик.
Превенција
Скрининг Во здравствените установи, изолирањето на носителите на МРСА еден од методите за спречување на преносот. Преку брзото тестирање со помош на бактериска култура, тестирањето на антибиотската осетливост, како и молекуларното тестирање (на пр. со помош на методата на полимеразно верижна реакција) се овозможува индентификување на носителите на МРСА, а со тоа и намалување на стапката на заразување. Особено е важно да се тестираат пациентите во овие услови бидејќи 2% од луѓето носители на МРСА. Во поголем дел од случаите на носители на МРСА, бактеријата опстојува во ноздрата (носот), но пациентот не покажува никакви симптоми.Healthcare Settings. (2019, February 28). Retrieved March 19, 2021, from https://www.cdc.gov/mrsa/healthcare/index.html
За да се утврди населување (колонизација) со МРСА, потребно е земање на брис од различни површини на телото, особено од ноздрите. S. aureus припаѓа на популацијата бактерии кои само привремено ја населуваат кожата (т.н. транзиентна флора на кожата). Стафилококите особено се населуваат на повлажни места, на пример ноздрите, грлото, на долготрајни (хронични) рани, како и места каде што е поставен катетар. Земените примероци се нанесуваат на специјални агарни медиуми за култивирање на бактеријата, кои содржат и антибиотска супстанца, на пример метицилин или цефокситин. Се работи за аграни плочи со селективен диференцијален медиум кој овозможува раст на колониите на МРСА. По одредено време на култивирање, можат да се забележат, во случај на присуство на МРСА, розови до лиласти бактериски колонии.
Во комбинација со дополнителни санитарни мерки за лицата кои се во контакт со заразени лица, се покажало дека скринингот со помош на брисеви на пациентите примени во болница е ефикасен за намалување на ширењето на МРСА.
Миење раце