Љу Банѓу (() со псевдоним Лу Јуен () (, — , ) — кинески преведувач и поет.
Животопис Лу е роден во округот Хуангпи во градот Вухан, Хубеи во ноември 1922 година.著名翻译家、诗人绿原逝世. 163.com (in Chinese). 2009-09-30. 著名诗人、翻译家绿原9月29日凌晨逝世. chinanews.com (in Chinese). 2009-09-29. Лу дипломирал странски јазици на Универзитетот Фудан во 1944 година. По дипломирањето, тој работел како професор по англиски јазик во Сечуан и Вухан.
Лу започнал да објавува поезија во 1941 година. Во 1949 година Лу ѝ се приклучил на Кинеската комунистичка партија.
По основањето на Комунистичката држава, Лу работел како уредник во Одделот за пропаганда на Комунистичката партија на Кина.
Во 1955 година, Лу бил политички прогонет во контрареволуционерниот случај на Ху Фенг ( Chinese ), во исто време, сам го научил германскиот јазик.
Во 1962 година, Лу работел во Издавачката куќа Народна литература како уредник. Се пензионирал во 1988 година.
Починал во Пекинг, на 29 септември 2009 година, на 87-годишна возраст.
Творештво
Поезија Тоа е нова почетна точка ( Chinese ) Човечката песна ( Chinese ) Друга песна ( Chinese )
Проза Лихункао ( Chinese ) Феихуафеиву ( Chinese )
Преводи Есеи на Шопенхауер ( Chinese ) Биографија на Хегел ( Chinese ) Фауст ( Chinese ) Макс и Мориц ( Chinese )
Награди Книжевна награда – Лу Џун (1998) Струшки вечери на поезијата – награда Златен венец (1998) Меѓународен поетски Пен клуб – Златна награда (2003) Здружение на преведувачи на Кина – компетентен преведувач (2004)
Наводи
Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Кинески поети Категорија:Кинески преведувачи Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Починати во 2009 година