Седек Костовски (Чеда Македонац) (, (некаде се сретнува 1917 година) - , ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Рано останал без татко, па поради тоа бил принуден уште речиси како дете да замине во Белград, каде што се здобил со високо образование. Уште како ученик, а подоцна и како студент, се запознал со напредното младинско и студентско движење. Учествувал во повеќе младински и студентски дејствија и демонстрации за што првин бил примен во СКОЈ, а подоцна и за член на КПЈ. Дал голем придонес за ширење на напредните идеи во својот роден крај. Доаѓајки на одмор во своето родно село Леуново, вршел позитивно влијание врз селаните, а посебно врз селската младина. Честопати ги собирал младинците и им расправал за борбата на работничката класа и на младината во Белград, при што не заборавал да ја истакне улогата на КПЈ и на СКОЈ. По доаѓањето во Леуново се поврзал и со другите напредни младинци од Леуново и Никифорово. Веќе организираната младинска група во него гледала сериозна посветеност во ширењето на комунистичкото движење во овој крај. Секогаш кога доаѓал во Леуново, станувал активен член на оваа младинска група. Така било и со неговиот последен престој, односно непосредно по капитулацијата на Кралство Југославија. Заедно со Александар Груевски, Добре Трпевски, Седек Спировски, Тихомир Шаревски и други, тој активно учествувал во објаснувањето на причините за пропаста на стара Југославија и за потребата од вооружена борба, а учествувал и во подготовките за престојната оружена борба во Маврово. лево|мини|310x310пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Седек Костовски. По враќањето во Белград, во летото 1941 година, веднаш се одѕвал на повикот на ЦК КПЈ за оружена борба и заминал во партизани како борец, а подоцна како телеграфист при Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. Есента 1941 година храбро загинал во борбата за одбрана на Ужице.

Една улица во Гостивар, го носи неговоти име.

Наводи

Надворешни врски Незаборавник - Седек Костовски - документарец

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ