Павле Аврамовски (, - , ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис
Откако го завршил основното училиште, тој заминал на печалба во Белград. Таму рано се запознал со напредното младинско и работничко движење, учествувајќи во разни активности и акции што ги организирала партијата. Откако се вратил во селото, тој несебично помагал за ширење на напредните револуционерни идеи.
Втора светска војна лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Павле Аврамовски. Веднаш по капитулацијата на Кралството Југославија, се вклучил во организираното движење. Станал член на првата партиска ќелија во селото, а неговата кука место каде што биле држени разни партиски и други состаноци, биле чувани илегалци, оружје и други материјали. Тој неуморно работел најпрвин за ширење на народноослободителното движење, а потоа учествувал непосредно во подготовките за оруженото востание. Учествувал во прибирање оружје, храна и друг материјал, учествувал во изучувањето на партиската литература, односно бил активен во се она што значело организирана акција на партиската организација во Мавровско. Меѓутоа, во разните одмазнички дејствија на окупаторот, а пред се на балистичките банди, не било поштедено ниту неговото семејство, па ниту тој. При честите упаѓања на окупаторот, семејството на Павле секогаш било изложено на терор. Па така, по нападот врз Одредот во Ново Село, италијанските фашисти заедно со своите слуги - балистите, го опколиле селото и вршеле терор врз населението. Тогаш го фатиле и го претепале неговиот татко Cпирo. Павле го подржувал храброто држење на татко му Спиро, па така и него го фатиле и ѕверски го мачеле. Со своето држење уште повеќе ги предизвикувал фашистите, кои на крајот по сите мачења го убиле.
Една улица во Гостивар, го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ