Драге Тодоровски (, - ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис По завршувањето на основното училиште заминал во Скопје да учи механичарски занает. Учејки го занаетот, во еден миг дребонгот му ја зафатил десната рака и сериозно му ја повредил. Во Леуново повторно се вратил непосредно пред капитулацијата на Кралство Југославија и веднаш се приклучил кон народноослободителното движење во селото како младинец, а подоцна станал и член на СКОЈ.
Втора светска војна лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Драге Тодоровски. Како младинец и скоевец активно учествувал во сите акции што ги преземала партиската организација. По одлука на партиската организација на Леуново, без двоумење и колебање ја прифатил задачата да стане борец на Вториот мавровско-кичевски одред, кој се формирал во раната пролет, 1943 година. Иако одредот дејствувал кусо време, тој се истакнал како дисциплиниран и храбар борец.
Во познатата трагедија на одредот во Ново Село, тој заедно со уште неколку борци бил заробен и однесен во политичкиот затвор во Тирана каде што бил обесен заедно со уште петтемина борци на одредот. За време на иследувањето, како и покасно по изрекувањето на смртната казна, останал и натаму храбар и непоколеблив борец. Иако некои од другарите го советувале да каже дека е малолетен со цел да му го поштедат животот, тој не сакал да ги моли фашистите за милост велејќи: „Па што ако имам седумнаесет години, зарем да ги молам за милост овие кучиња! Убив двајца фашисти во Ново Село и ја платив крвта, подготвен сум да умрам за нашето дело.“Заедно со Драге биле обесени: Илија Антевски - Смок, Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски и Трифко Андоновски.
По повод нивната смрт со бесење, Комунистичката партија на Албанија издала леток.
Една улица во Гостивар, го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Мавровско-гостиварски партизански одред „Кораб“