Злате Матевски (, - ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.

Животопис лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Злате Матевски. Рано останал без татко, веднаш по завршувањето на основното училиште бил принуден да замине на печалба во Белград. Таму работел како чирак, а покасно и како келнер по разни кафеани. И тој, како и сите други печалбарски работници, многу бргу врз себе ги почувствувал сите маки на печалбарството. Токму затоа, со симпатии гледал на работничкото движење на чело со КПЈ. Повремено се враќал во своето родно Леуново и во разговорите со своите врсници и постари селани им раскажувал за разни демонстрации и други акции на работничката класа и на младината во Белград. Сето тоа влијаело и самиот да се приклучи кон револуционерното дело, станувајќи активен учесник на НОБ, а нокасно борец и раководител на НОБ и ПОЈ. Храбро загинал на Сремскиот фронт како комесар на чета.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ