Петар ― висок римски воен командант на крајот на 9 век, кој подоцна станал монах и црквата го прогласила за светец. Тој е прославуван на 1 јули.

Живот Петар е познат само од месецослови. Тој бил син на патрикијот Константин, кој според делото „Константинополски синаксар“ (Synaxarium Constantinopolitanum) бил на положбата стратег. Петар е роден за време на заедничкото владеење на Ирина Атинска и нејзиниот син Константин VI (780–796)..

Петар, исто така, имал чин на патрикиј и служел како командант на елитниот полк на дворските схоли (Scholae Palatinae) за време на единственото владеење на Ирина Атинска () и како командант на полкот иканати под нивниот наследник, Никифор I (). Се борел во катастрофалната Битка кај Плиска во 811 година и бил заробен заедно со 50 други офицери од Бугарите. Петар успеал „чудесно“ да побегне со помош на Јован Богослов, се замонашил на Битински Олимп, заедно со Јоаникиј Велики, со кого живеел заедно како негов ученик 34 години. По смртта на Јоаникиј во 846 година, Петар се вратил во Константинопол, каде изградил црква во четвртот Евандру. Тој живеел во колиба во близина и умрел осум години подоцна, на јули 854 година. Вистинитоста на неговиот живот по 811 година е доведена во прашање од страна на Џон Вортли, кој го смета неговиот монашки живот за легенда.

Родолф Гиланд предложил идентитет со истоимениот патрикиј, спомнат во историјата на Теофан Исповедник, кој учествувал во соборувањето на Ирина во 802 година и кој во 809 година го смирил армискиот бунт против Никифор. Меѓутоа, оваа личност според Теофан е убиена кај Плиска.

Наводи

Извори

Категорија:Христијански светци од 9 век Категорија:Родени во 8 век Категорија:Доместици на схолата Категорија:Затвореници и приведени во Првото Бугарско Царство Категорија:Патрикии Категорија:Римски православни светци Категорија:Римски воени затвореници Категорија:Римјани во римско-бугарските војни Категорија:Римски монаси од 9 век Категорија:Римски воен кадар од 9 век Категорија:Починати во 854 година