Општина Струмица — општина во Социјалистичка Република Македонија (1965–1991) односно Република Македонија (1991–1996).
Историјат Во јануари 1965 година е донесен нов Закон за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија, со кој се образувани 32 општини во Републиката. Во струмичката регија е образувана единствено општина Струмица, во чие подрачје се вклучени населените места од дотогашните општини Василево, Ново Село и Струмица. Според членот 6 од овој закон, собранието на новообразуваната општина Струмица започнува со работа на 1 февруари 1965 година, кога престануваат со работа собранијата на поранешните општини.
Административно-територијалната поделба на федерална Македонија од 1965 година останува во сила до административно-територијалната поделба на самостојна Македонија од 1996 година.
Подрачје Општина Струмица се наоѓала во југоисточниот дел на Југославија односно Македонија. Таа се граничела со тогашните општини Берово на север, Валандово на југ и Радовиш на запад. На исток од општина Струмица се наоѓала државната граница со Бугарија, а на југ со Грција.
Населени места Општината била составена од следниве 74 населени места (по азбучен ред): Ангелци, Бадолен, Бајково, Баница, Банско, Барбарево, Белотино, Бориево, Борисово, Босилово, Варварица, Василево, Вељуса, Висока Маала, Владиевци, Водоча, Габрово, Гечерлија, Градошорци, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Доброшинци, Дорломбос, Дражево, Дрвош, Дукатино, Еднокуќево, Едрениково, Злешево, Зубово, Иловица, Колешино, Костурино, Куклиш, Кушкулија, Мемешли, Мокриево, Мокрино, Моноспитово, Муртино, Нивичино, Нова Маала, Ново Коњарево, Ново Село, Орманли, Петралинци, Пиперево, Попчево, Просениково, Раборци, Радово, Радичево, Рич, Робово, Сарај, Сачево, Свидовица, Седларци, Секирник, Смолари, Старо Балдовци, Старо Коњарево, Стиник, Струмица, Сушево, Сушица, Требичино, Три Води, Турново, Хамзали, Чанаклија, Чепели и Штука.
Население
+Населението во општината, по населени места, според пописите од 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 г.МакСтат база на податоци , Државен завод за статистика на Република Северна Македонија.Попис19611971198119911994Населено местоЖителиЖителиПромена во %ЖителиПромена во %ЖителиПромена во %ЖителиПромена во %Ангелци682787 +15,3 840 +6,7 907 +7,9 893 -1,5 Бадолен413304 -26,3 13 -95,7 2 -84,6 20 Бајково283273 -3,5 65 -76,1 11 -83,0 5 -54,5 Баница729895 +22,7 1086 +21,3 1283 +18,1 1163 -9,3 Банско17081825 +6,8 1874 +2,6 1964 +4,8 1872 -4,6 Барбарево399375 -6,0 191 -49,0 102 -46,5 85 -16,6 Белотино175127 -27,4 60 -52,7 51 -15 40 -21,5 Бориево681754 +10,7 793 +5,1 853 +7,5 889 +4,2 Борисово343415 +20,9 495 +19,2 483 -2,4 444 -8,0 Босилово14331575 +9,9 1737 +10,2 1755 +1,0 1701 -3,0 Варварица176150 -14,7 29 -80,6 14 -51,7 2 -85,7 Василево9891332 +34,6 1784 +33,9 2105 +17,9 2050 -2,6 Вељуса18251808 -0,9 1720 -4,8 1684 -2,0 1577 -6,3 Висока Маала342213 -37,7 297 +39,4 404 +36,0 410 +1,4 Владиевци492535 +8,7 636 +18,8 733 +15,2 723 -1,3 Водоча249255 +2,4 323 +26,6 339 +4,9 326 -3,8 Габрово592561 -5,2 486 -13,3 445 -8,4 428 -3,8 Гечерлија269333 +23,7 375 +12,6 376 +0,2 394 +4,7 Градошорци7681077 +40,2 1454 +35,0 1491 +2,5 1473 -1,2 Градско Балдовци498532 +6,8 651 +22,3 776 +19,2 732 -5,6 Дабиље15491671 +7,8 1770 +5,9 1964 +10,9 1962 -0,1 Добрејци7431122 +51,0 1608 +43,3 1688 +4,9 1693 +0,2 Доброшинци756682 -9,7 897 +31,5 957 +6,6 885 -7,5 Дорломбос273305 +11,7 282 -7,5 274 -2,8 2740 Дражево604650 +7,6 629 -3,2 573 -8,9 467 -18,4 Дрвош566639 +12,8 688 +7,6 699 +1,5 695 -0,5 Дукатино387426 +10,0 470 +10,3 480 +2,1 450 -6,2 Еднокуќево501504 +0,5 577 +14,4 668 +15,7 654 -2,0 Едрениково282322 +14,1 276 -14,2 230 -16,6 228 -0,8 Злешево000 00 00 00 Зубово580657 +13,2 713 +8,5 733 +2,8 694 -5,3 Иловица15571724 +10,7 2042 +18,4 1946 -4,7 1912 -1,7 Колешино12401140 -8,0 1114 -2,2 1031 -7,4 880 -14,6 Костурино14031626 +15,8 1530 -5,9 1403 -8,3 1235 -11,9 Куклиш17862057 +15,1 2382 +15,7 2555 +7,2 2517 -1,4 Кушкулија40 -100 00 00 00 Мемешли95105 +10,5 109 +3,8 122 +11,9 82 -32,7 Мокриево13811471 +6,5 1497 +1,7 1484 -0,8 1324 -10,7 Мокрино915997 +8,9 984 -1,3 879 -10,6 781 -11,1 Моноспитово11671205 +3,2 1515 +25,7 1704 +12,4 1645 -3,4 Муртино19222175 +13,1 2202 +1,2 2214 +0,5 2159 -2,4 Нивичино341302 -11,4 61 -79,8 5 -91,8 0 -100 Нова Маала622540 -13,1 761 +40,9 814 +6,9 739 -9,2 Ново Коњарево574750 +30,6 1130 +50,6 1205 +6,6 1040 -13,6 Ново Село18332143 +16,9 2562 +19,5 2829 +10,4 2692 -4,8 Орманли80800 87 +8,7 102 +17,2 94 -7,8 Петралинци330420 +27,2 588 +40 585 -0,5 600 +2,5 Пиперево9761018 +4,3 1201 +17,9 1311 +9,1 1300 -0,8 Попчево625707 +13,1 553 -21,7 460 -16,8 443 -3,6 Просениково9841170 +18,9 1377 +17,6 1493 +8,4 1500 +0,4 Раборци131155 +18,3 130 -16,1 109 -16,1 112 +2,7 Радово593679 +14,5 762 +12,2 882 +15,7 884 +0,2 Радичево407543 +33,4 571 +5,1 592 +3,6 582 -1,6 Рич535491 -8,2 360 -26,6 376 +4,4 365 -2,9 Робово627628 +0,1 635 +1,1 586 -7,7 576 -1,7 Сарај581712 +22,5 840 +17,9 879 +4,6 940 +6,9 Сачево637579 -9,1 570 -1,5 569 -0,1 554 -2,6 Свидовица326364 +11,6 358 -1,6 371 +3,6 352 -5,1 Седларци280322 +15 337 +4,6 358 +6,2 334 -6,7 Секирник9661147 +18,7 1222 +6,5 1240 +1,4 1198 -3,3 Смолари963986 +2,3 913 -7,4 810 -11,2 628 -22,4 Старо Балдовци181189 +4,4 205 +8,4 267 +30,2 262 -1,8 Старо Коњарево742847 +14,1 887 +4,7 900 +1,4 616 -31,5 Стиник399341 -14,5 227 -33,4 129 -43,1 113 -12,4 Струмица1594923034 +44,4 29263 +27,0 34396 +17,5 34067 -0,9 Сушево518648 +25,0 725 +11,8 748 +3,1 745 -0,4 Сушица16591852 +11,6 1941 +4,8 1931 -0,5 1813 -6,1 Требичино274201 -26,6 81 -59,7 35 -56,7 26 -25,7 Три Води194121 -37,6 34 -71,9 25 -26,4 16 -36 Турново9251066 +15,2 1118 +4,8 1179 +5,4 929 -21,2 Хамзали30381 -73,2 38 -53,0 26 -31,5 20 -23,0 Чанаклија496413 -16,7 546 +32,2 557 +2,0 569 +2,1 Чепели4426 -40,9 0 -100 00 00 Штука639749 +17,2 785 +4,8 856 +9,0 822 -3,9 Вкупно65 49176 908+17,4 87 062+13,2 94 007+7,9 90 677-3,5
Наводи