Винстон Лојд Богард (роден на 22 октомври 1970 година, во Ротердам) е холандски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Во својата кариера настапувал за СВВ, Екселсиор, Спарта Ротердам, Ајакс, Милан, Барселона, и Челси. Во последниот клуб, тој го привлекол светското внимание кога добил малку време за игра (без настапи во Премиер лигата во ниту една од последните три сезони), а сепак инсистирал да остане во клубот поради неговиот профитабилен договор.

Богард ја претставувал Холандија на Европското првенство 1996 и Светското првенство 1998. Вкупно за холандската репрезентација одиграл 20 натпревари во периодот 1995-2000.

Биографија По потекло од Аруба, тој станал страствен за фудбал уште како дете и, заедно со својот брат, решил да продолжи со професионална кариера откако го гледал натпреварот на Бразил како игра против Советскиот Сојуз за време на Светското првенство 1982; иако ова бил негов животен сон, неговиот татко отсекогаш се изјаснувал категорично против тоа да стане професионален фудбалер.

На крајот од својата кариера, тој основал издавачка куќа за урбана музика и објавил автобиографија насловена како „Deze neger buigt voor niemand“ (превод на мак. „Овој црнец не се поклонува пред никого“), во која го обвинил фудбалскиот свет за лицемерен и расистички. Откако се пензионирал, тој призна: „Како млад човек, бев деликвент. Да не беше фудбалот, ќе завршев лошо. Моите патишта беа како на пештерски човек.“ Во 2011 година, неговата куќа била запленета поради долгови.

Тој има три внуци, Данило Дехи, Мелајро Богард и Ламар Богард, кои исто така се фудбалери.

Технички карактеристики Природно играл со левата нога, започнувајќи ја својата кариера како крило, од каде потоа станал лев бек, а можел да игра и како централен дефанзивец. Фудбалер со контроверзен и недисциплиниран став, по неговото пристигнување во Милан, Ариго Саки, го нарекол „одличен играч“ додека Адријано Галијани го опишал како „еклектичен“, но по само неколку настапи, италијанскиот печат го нарекол „вознемирувачки“: Богард се издвојувал по огромната физичка сила, но демонстрирал стил на игра кој бил премногу гломазен и бавен..

Клупска кариера Раните години и Ајакс Роден во Ротердам, Богард ја започнал својата кариера во екипата на СВВ од Схевенинген во втората холандска лига, како крилен напаѓач. Таму одиграл две сезони во кои забележал 11 настапи и еден гол, по што следела кратка позајмица во клубот од неговиот роден град Екселсиор во истата дивизија, пред да се префрли во Ередивиси во летото 1991 година, потпишувајќи за друга ротердамска екипа, Спарта. Во сезоната 1993-1994, Богард имал одлична сезона во дресот на Спарта постигнувајќи 11 гола (негово најдобро постигнување во кариерата) и помагајќи му на клубот да квалификува за Интертото купот.

Во 1994 година, Богард потпишал за Ајакс. Откако конечно пристигнал во голем клуб (клубот од неговиот роден град никогаш не го разгледувал), неговата адаптација во Амстердам била исклучително тешка бидејќи, како што самиот признал, не разбирал ништо од плановите за игра на Луј ван Гал, со кого имал и одредени недоразбирања. И покрај тешката прва сезона во која ретко играл, тој ги освоил холандското првенство и Лигата на шампионите 1994-1995, заедно со соиграчи од калибарот на Едвин ван дер Сар, Марк Овермарс, Франк де Бур и Роналд де Бур, Едгар Давидс, Кларенс Седорф, Франк Рајкард, Нванкво Кану и Патрик Клајверт.

Во следната сезона, тој бил префрлен од тренерот Ван Гал во одбраната, каде ќе остане да игра до крајот на својата кариера. Наоѓајќи повеќе простор за игра на позицијата лев бек, тој му помогнал на Ајакс да ја одбрани титулата во холандското првенство и да стигне до ново финале во Лигата на шампионите, каде сега со Богард на теренот (бидејќи во претходното, тој го поминал целиот натпревар на клупата) Ајакс биле поразени од на пенали.

Милан и Барселона На 14 февруари 1997 година, Богард бил ангажиран од Милан со слободен трансфер, во операција во која бил вклучен и неговиот сонародник Патрик Клајверт. Богард потпишал четиригодишен договор вреден 1,8 милијарди лири по сезона. Поради конкуренцијата на позицијата лев бек од Паоло Малдини и Кристијан Циге, тренерот Фабио Капело првично го поставил Богард како десен бек со многу лоши резултати. На 21 септември 1997, во незаборавниот натпревар против , Богард направил грешка која се чини ја осудила на пропаст неговата авантура со „росонерите“: на неколку минути до крајот при нерешен резултат, голманот Масимо Таиби му ја додал топката на Богард, кој, и покрај тоа што не бил под притисок од противникот, ризикувал со враќање на топката кон самиот Таиби; напаѓачот Оливер Бирхоф ја искористил ситуацијата, го пресекол додавањето и непречен од никој го постигнал голот што им овозможи на фриулијанците да го добијат натпреварот. Тој одиграл само 3 натпревари во дресот на Милан во сезоната 1997-1998, завршувајќи го своето искуство во клубот после само неколку месеци.

Во јануари 1998 година, тој се преселил во Барселона предводена од сонародникот Луј ван Гал, играјќи 19 натпревари во вториот дел од сезоната, во која Барселона ги освоила првенството и купот на Шпанија.

Како што се намалувало холандското влијание во Барселона, така било и со она на Богард, кој во својата прва цела сезона учествувал само во еден првенствен натпревар, главно поради повреди, но се вратил за да напрви респектабилна втора сезона со 21 одигран натпревар и два гола. Вкупно дресот на Барселона го носел во 61 натпревар и постигнал 4 гола.

Челси Пред почетокот на сезона 2000-2001, Богарде потпишал за англискиот клуб Челси, следејќи го советот на сонародникот Марио Мелхиот да му се придружи на клубот од Премиер лигата. Богард потпишал за Челси во времето кога Џанлука Вијали бил менаџер, иако тој немал поим дека овој трансфер се случил; истиот веројатно бил спроведен од спортскиот директор Колин Хачинсон, додека друг централен дефанзивец, Емерсон Томе, заминал во Сандерленд. Неколку недели подоцна, со пристигнувањето на новиот тренер Клаудио Раниери, тој посакал играчот да си замине од клубот порачувајќи дека истиот не е во неговите планови.

Сепак, Богард се спротиставил на ова, бидејќи споредж него би било речиси невозможно да најде клуб кој би му понудил договорот со приближно истите финансиски услови како оној што го имал во Челси: тој бил зачуден од платата за која се договорил со клубот, бидејќи неговата вредност значително паднала поради недостаток на акција во првиот тим, и решил да остане и да го почитува својот договор до крај и да се појавува на тренинзи секој ден, и покрај тоа што ретко бил избран да игра. За време на неговиот престој на Стемфорд Бриџ, клубот неколку пати се обидел да го продаде поради неговата голема плата и го деградирал во резервните и младинските тимови во обид да го притисне да си замине. Како одговор на истовремените критики од медиумите во Велика Британија, тој одговорил: „Зошто да фрлам петнаесет милиони евра кога веќе се мој? Во моментот кога потпишав, тие станаа мои пари, мојот договор. Двете страни се согласивме на ова. Малку луѓе ќе заработат толку многу. Јас сум еден од ретките среќни што го можат ова. Можеби сум еден од најлошите трансфери во историјата на Премиер лигата, но не ми е грижа.

Откако играл како замена против Ипсвич Таун на Боксинг Деј во 2000 година, Богард одиграл само уште еден натпревар пред да му истече договорот во јули 2004 година. Тој, исто така, играл од клупата, против Џилингем во Лига купот од таа сезона на 6 ноември 2002 година. На крајот, тој се појавил само 11 пати во текот на неговиот четиригодишен мандат, наводно заработувајќи 40.000 фунти неделно во овој период.

На 8 ноември 2005 година, 34-годишниот Богарде го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал.

Репрезентативна кариера мини|Богард (најдесно) со Денис Бергкамп, Жорди Кројф и Ричард Витсхге на ЕП 1996. Благодарение на постојаните настапи за Ајакс, Богард бил повикан на Европското првенство 1996 од холандскиот селектор Гус Хидинк, кој исто така, го вклучил и во тимот за Светското првенство 1998 две години подоцна. Редовен стартер за време на првото натпреварување, на второто Богард бил само замена за Артур Нуман.

Богард имал шанса да настапи за првпат како стартер за време на Мундијалот во Франција, во натпреварот против во полуфиналето, откако стартерот Нуман бил суспендиран поради црвениот картон добиен во претходниот натпревар против ; сепак, тој заработил сериозна повреда на подколеницата на тренинг и бил хоспитализиран, па поради тоа бил заменет од Филип Коку.

За холандската репрезентација настапувал од 1995 до 2000 година, забележувајќи 20 настапи без постигнат гол.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера Во летото 2017, Богард се вратил во Ајакс, именуван за помошник тренер на резервниот тим, предводен од клупата како главен тренер од неговиот поранешен соиграч Михаел Рејзигер.

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1992-1993 Спарта РотердамЕ323 - - - - - - - - -3231993-1994Е3311 - - - - - - - - -3311Вкупно Спарта Ротердам651465141994-1995 АјаксЕ140КХ10ЛШ40 - - -1901995-1996Е332КХ20ЛШ110КИ+СУ+СХ1+1+20+0+15031996-1997Е164 - - -ЛШ60 - - -224Вкупно Ајакс6363021041917 1997-јан. 1998 Милан А 3 0 КИ 1 0 - - - - - - 4 0 јан.-јун. 1998 Барселона ПД 19 2 КШ 3 0 ЛШ 2 0 СШ+СУ - - 24 2 1998-1999 ПД 1 0 КШ 1 0 ЛШ 0 0 СШ 0 0 2 0 1999-2000 ПД 21 2 КШ 4 0 ЛШ 10 0 СШ 0 0 35 2Вкупно Барселона 41 4 8 0 12 0 0 0 61 4 2000-2001 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 КУ 1 0 ЧШ 0 0 11 0 2001-2002 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 КУ 0 0 - - - 0 0 2002-2003 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 КУ 0 0 - - - 1 0 2003-2004 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0Вкупно Челси 9 0 2 0 1 0 0 0 12 0Вкупно во кариерата18124 14 0 34 0 4123325

Титули Клупски Ајакс Ередивиси : 2 1994-1995, 1995-1996 Суперкуп на Холандија : 1 1995 УЕФА Лига на шампиони : 1 1994-1995 Суперкуп на УЕФА : 1 1995 Интерконтинентален куп : 1 1995

Барселона Примера Дивисион : 2 1997-1998, 1998–1999 Куп на Шпанија : 1 1997-1998 Суперкуп на УЕФА : 1 1997

Наводи

Надворешни врски

Beijen profile Stats at Voetbal International Винстон Богард на BDFutbol Винстон Богард на soccerbase

11V11 profile

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалски дефанзивци