Хенри IV, Дел 1 () — историска драма на Вилијам Шекспир, најверојатно напишана не подоцна 1597 година. Таа е втор дел од Шекспировата тетралогија, која некои научници ја нарекуваат Хенријада, која пак се занимава со владеењето на Ричард II, Хенри IV (две драми, вклучително и Хенри IV, Дел 2 ) и Хенри V. Хенри IV, Дел 1 прикажува парче од историјата од победата на Хенри Перси над Шкотите во Хомилдон во Нортамберленд (кон крајот на 1402 година) и завршува со поразот на англиските бунтовници во Шрузбери во средината на 1403 година. Од самиот почеток, била исклучително популарна драма, и кај публиката и кај критичарите.Weil and Weil, p. 1.

Ликови

Кралева партија Кралот Хенри Четврти - крал на Англија. Хенри, принцот од Велс (наречен „Принц Хал“ или „Хари“) - најстар син на Хенри IV. Џон Ланкастерски - претставен во претставата како втор син на кралот, иако всушност тој бил трет Ралф Невил, Гроф од Вестморленд Сер Волтер Блант („Блант“)

Истчип Сер Џон Фалстаф - сиромашен витез кој се спријателува со принцот Халом Нед Поинс Бардолф Пето Г-ѓа Журка - домаќинка на меаната Вепрова глава Френсис - келнер Винтер - кафеџија Гадсхил Два носачи (Кригла и Том) Остлер

Бунтовници Хенри Перси, гроф од Нортамберленд Томас Перси, гроф од Вустер - брат на Нортамберленд Хари Перси (наречен „Хотспур“) - син на Нортамберленд Едмунд Мортимер - зет на Хотспур и зет на Глендовер Овен Глендовер - водач на велшките бунтовници Арчибалд, гроф од Даглас - водач на шкотските бунтовници Сер Ричард Вернон, 8. барон од Шипбрук Ричард ле Скруп („Скруп“), надбискуп од Јорк Сер Мајкл - пријател на надбискупот од Јорк Лејди Перси („Кејт“, иако нејзиното правото име ѝ било Елизабет) - сопруга на Хотспур и сестра на Мортимер Лејди Мортимер (Кетрин) - ќерка на Глендовер и сопруга на Мортимер

Други ликови Коморник Шериф Патници Слуга на Хотспур Мајстори, офицери, гласници и посетители

Само споменати Робин Остлер, покојниот лик кој му претходел на сегашниот Остлер, загрижен за цената на овесот Гилијамс, курир испратен од Хотспур

Содржина десно|мини|218x218пкс| Џон Фарманеш-Бока како Принцот Хал во модерна продукција на Хенри IV, Дел 1. Хенри Болинброк - сега крал Хенри IV - има немирно владеење. Неговите лични немири околу узурпацијата и убиството на неговиот претходник Ричард II би биле решени со крстоносна војна во Светата Земја, но проблемите на неговите граници со Шкотска и Велс го прават таквото заминување немудро. Уште повеќе, тој сè повеќе се судира со семејството Перси, кое му помогнало да дојде до престолот, и Едмунд Мортимер, грофот од Марч , избраниот наследник на Ричард II. лево|мини| Литографија која го прикажува Чинот III Сцена II Уште повеќе кралот Хенри има проблеми и со однесувањето на неговиот син и наследник, принцот од Велс. Хал (идниот Хенри V) го напуштил кралскиот двор и го поминува времето во пабови во лошо друштво. Заради тоа благородниците го презираат и и со тоа ја доведува во прашање својата вредност како иден крал. Главниот пријател и партнер на Хал во развратот е сер Џон Фалстаф. Дебел, стар, пијан и расипан до крајност, тој има харизма и животен занес што го маѓепсува принцот.

Три групи ликови се дел од претставата кои на почетокот малку се мешаат еден со друг, а потоа се собираат во Битката кај Шрузбери, каде што ќе се одлучи успехот на бунтот. Самиот крал Хенри и неговиот непосреден совет се првата група. Тој е двигател на драмата, но најчесто во заднина. Следува група бунтовници, енергично отелотворени во Хенри Перси („Хотспур“), вклучувајќи го и неговиот татко, грофот од Нортамберленд, предводен од неговиот вујко Томас Перси, грофот од Вустер. Се приклучуваат и шкотскиот Гроф од Даглас, Едмунд Мортимер и Велшанецот Овен Глендовер. Конечно, во средиштето на драмата е младиот принц Хал и неговите другари Фалстаф, Поинс, Бардолф и Пето. Вични на уличниот живот и безумни, овие пробисвети успеваат да ја обојат оваа мрачна историја со боите на комедијата.

На отворањето на претставата, кралот му се лути на Хотспур затоа што одбил да му ги испрати повеќето затвореници заробени во битката против Шкотите во Холмедон. Од своја страна, Хотспур би сакал кралот да го откупи Едмунд Мортимер (братот на неговата сопруга) од Овен Глендовер, Велшанецот кој го држи заробен. Хенри одбива, ја куди Мортимеровата лојалност и се однесува кон Персиевците со закани и грубост. Поттикнати и вознемирени од опасното и безобзирно однесување на Хенри кон нив, тие се спогодуваат со Велшаните и Шкотите, со намера да го соборат „овој неблагодарен и измамник“. лево|мини| Хал го тера Фалстаф да лаже во Хенри IV, 1. дел, изгравиран од Роберт Смирке Во меѓувреме Хал, синот на Хенри, се забавува, пие и краде со Фалстаф и неговите соработници. Тој го сака Фалстаф, но не се преправа дека е како него. Ужива да го навредува својот развратен пријател и се шегува на негова сметка. Му се придружува на заговорот на Поинс да се маскираат, да го исплашат и ограбат од Фалстаф и неговите тројца пријатели пленот што го здобиле со грабеж на патот, чисто заради задоволство подоцна да го слуша Фалстаф како лаже за тоа, по што Хал им ги враќа украдените пари. Всушност, на почетокот на претставата, Хал нè известува дека неговото проблематично раздобје наскоро ќе заврши и тој повторно ќе го заземе своето заслужено место во сериозните работи, покажувајќи се достоен за својот татко и за други (неодредени) благородни подвизи. Хал верува дека оваа ненадејна промена на неговиот начин на живот ќе донесе поголема награда и признание на неговиот статус како принц и ќе ја заслужи почитта од дворјаните.

Бунтот на Мортимер и Перси многу брзо му дава можност да го покаже токму тоа. Принцот ќе се состане со својот татко и ќе добие висока команда. Ветува дека ќе се бори и ќе го убие бунтовниот Хотспур и му наредува на Фалстаф (кој е, на крајот на краиштата, витез) да ја преземе командата со група пешадинци и да тргне кон бојното поле во Шрузбери. десно|мини|250x250пкс| Акварел од 1829 на Јохан Хајнрих Рамберг од Чинот 2, Сцена 4: Фалстаф го глуми кралот. Битката е пресудна, бидејќи ако бунтовниците успеат да го задржат кралот, ситуацијата може да се промени, бидејќи тие имаат други воени сили кои чекаат под Нортамберленд, Глендовер, Мортимер и надбискупот од Јорк. Затоа на Хенри му треба решавачка победа. Кралот е посилен од бунтовниците,Henry IV, Part 1, 4.3.30, 4.4.19, in Bevington (1997). но Хотспур, со дивата надеж на очај, ги води своите трупи во битка. Како што одминува денот, прашањето сè уште е нерешено, кралот го мачи дивиот Шкот Даглас, кога се среќаваат принцот Хал и Хотспур, двајца Хари кои не можат да ја делат истата земја. Конечно ќе се борат - за слава, за својот живот и за царството. Повеќе не е кафански кавгаџија, туку воин, идниот крал надвладува, го убива Хотспур во дуел.

Во одвивањето на случките до оваа точка, го следиме Фалстаф кој „огромно ја злоупотребил кралската неволја“Henry IV, Part 1, 4.2.12, in Bevington (1997). Тој не само што земал пари од способни луѓе кои сакале да ја избегнат службата, туку и ги задржувал платите на сиромашните кои биле убиени во борба („храна за прав, храна за прав“).Henry IV, Part 1, 4.2.64, in Bevington (1997). Оставен сам за време на битката на Хал со Хотспур, Фалстаф срамно глуми дека е мртов за да избегне Даглас да го нападне. Откако Хал го остава телото на Хотспур на бојното поле, Фалстаф оживува со потсмевно чудо. Гледајќи дека е сам, го прободува трупот на Хотспур во бедрото и ја презема заслугата за неговото убиство.Henry IV, Part 1, 5.4.110ff., in Norton (2008). Иако Хал ја знае вистината, тој му дозволува на Фалстаф да ги изведува неговите нечесни трикови. Набргу откако Хал му опростил, Фалстаф изјавува дека сака да го промени својот живот и да почне „да живее чисто како што треба да живее еден благородник “.Henry IV, Part 1, 5.4.138ff., in Norton (2008). десно|мини| Второ издание на Хроника за Англија, Шкотска и Ирска, од Рафаел Холиншед, отпечатено во 1587 година. Драмата завршува во Шрузбери, по завршување на битката. Смртта на Хотспур ги обесхрабрила бунтовницитеHenry IV, Part 1, 55.19, in Bevington (1997). и силите на кралот надвладале. Хенри е задоволен од исходот, не најмалку затоа што му дава можност да го погуби Томас Перси, грофот од Вустер, еден од неговите најголеми непријатели (иако претходно еден од неговите главни пријатели). Во меѓувреме, Хал ја покажува својата кралска благодат и ја наградува храброста. Откога го зараобил го храбриот Даглас, Хал наредува неговиот непријател да биде ослободен без откуп.Henry IV, Part 1, 5.5.28ff., in Norton (2008). Но војната продолжува. Сега силите на кралот треба да се справат со надбискупот од Јорк, кој се приклучил на Нортамберленд и силите на Мортимер и Глендовер. Овој нерешен крај ја поставува сцената за Хенри IV, Дел 2.

Историски извори Како и за повеќето негови историски драми, главниот извор на Шекспир за Хенри IV, Дел 1, биле Хрониките на Рафаел Холиншед. Објавувањето на второто издание во 1587 година. ја дава главната историска рамка за претставата. Се чини дека Сојузот на две славни семејства на Ланкастер и Јорк на Едвард Хул, исто така, се чини дека бил консултиран во пишувањето, а научниците исто така претпоставуваат дека Шекспир бил запознаен со поемата на Семјуел Даниел за Граѓанските војни. Уште еден веројатен извор за оваа и други драми од Хенријадата (Ричард II, Хенри IV, Дел 1, Хенри IV, Дел 2 и Хенри V) е драмата Славната победа на Хенри V () од непознат автор, објавена во 1594 година.Campbell, Oscar James (ed), "Famous Victories" A Shakespeare Encyclopaedia, Taylor and Francis, 1966, p. 221.

Датирање и текст Хенри IV речиси сигурно бил изведен пред 1597 година, со оглед на богатството на алузии и референци за ликот на Фалстаф.Weil and Weil, p. 4. Најраната забележана изведба била одиграна попладнето на 6 март 1600 година, кога драмата била изведена на дворот пред фламанскиот амбасадор. Следувале и други дворски претстави во 1612 и 1625 година.

Претставата била запишана во регистарот на Лондонскиот еснаф на издавачи на 25 февруари 1598 година, а за прв пат била отпечатена во кварто издание подоцна истата година од издавачот Ендрју Вајз. Драмата била најпопуларниот печатен текст на Шекспир: нови изданија се појавиле во 1599, 1604, 1608, 1613, 1622, 1632, 1639 и 1692 година.

Дерингов ракопис лево|мини| Дерингов ракопис Деринговиот ракопис, најстариот сочуван ракописен текст од која било драма на Шекспир, обезбедува едноделна верзија на двата дела на Хенри IV. Стручњаците за Шекспировото дело се сложуваат дека Деринговиот ракопис претставува редакција подготвена околу 1623 година, можеби за семејна или аматерска изведба. Истата ја направил Едвард Деринг (1598—1644), од замокот Суренден во Кент, каде што е откриен ракописот. Неколку неистомисленици тврдат дека Деринговиот ракопис можеби укажува на тоа дека Шекспировиот Хенри IV првично бил една драма, која писателот подоцна ја проширил на два дела за да ја искористи популарноста на ликот на сер Џон Фалстаф. Деринговиот ракопис е дел од Фолџеровата Шекспирова библиотека () во Вашингтон.Halliday, Shakespeare Companion, p. 135.

Анализа и критика

Теми и толкување Кога првпат била објавена во 1597 или 1598 година, драмата била насловена „Историјата на Хенри Четврти“ (), а на насловната страница принцот Хал не бил спомнат, туку било најавено само присуството на Хенри Перси и комичниот Џон Фалстаф. Навистина, во поголемиот дел од историјата на претставата, Хал бил поставен како споредна фигура, а ѕвездите на сцената, почнувајќи од Џејмс Квин (1693–1766) и Дејвид Гарик (1717–1779), често претпочитале да го играат Хотспур. Дури во дваесеттиот век читателите и изведувачите почнале да го гледаат одрастувањето на Хал како централна тема на претставата, а Хал сега се смета за главна улога во Хенри IV.