Попов Нос — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чаниште. Претставува тумул од бронзеното и железното време и раниот среден век.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2,3 километри североисточно од селото, на околу 300 метри североисточно од наоѓалиштето Лочката и на околу 460 метри од наоѓалиштето Три Кладенци.
Наоѓалиштето претставува возвишение на кое се наоѓаат неколку тумули, од кои некои се диво раскопани.
Истражување и наоди
Во 2016 година, на Тумулот I биле преземени заштитни археолошки истражувања при што било заклучено дека има приближно кружен облик, и дека бил опкружен со двоен ограден ѕид. Неговите димензии се 12,30 метри во насока север-југ, 11,40 метри во насока исток-запад, и височина од 0,55 метри. Со истражувањето, било утврдено дека има 6 гробови, од кои некои се радијално поставени, најверојатно околу еден средиштен гроб кој бил целосно уништен од страна на диви копачи. Гробот 2 е целосно вкопан во тумулот и со тоа го разрушил оградниот ѕид. Гробот 3 е исто така разрушен од диви копачи. Гробот 5 и 6 се вдлабнати во карпата, но се исто така отворани од дивите копачи. Поради поставеноста, гробот 5 дава знаци дека е средиштен односно главен гроб. Конструкцијата од камени плочи на средишниот гроб била целосно отворена и расчистена и се наоѓа на пола метро западно од гробот од кој потекнува. Гробни наоди имало во гробот 2, како и во гробовите 1 и 4 поточно во нивните гробни полнетици. Во, меѓу и покрај гробовите биле најдени фрагменти од керамички садови од праисторискиот период. Пронајдени биле и керамички садови, правени на грнчарско коло, од доцноантичко/раносредновековно време.
Поврзано Бара — тумул од железно време; Богданова Нива — населба од доцноантичко време; Св. Петка — црква од средниот век; Убава Глава — тврдина од средниот век; Анѓелески Ниви — праисториска некропола; Варошица — населба од римско време; Главицата — праисториска населба; Говедарникот — тумул од железно време; Голиот Рид — населба од доцноантичко време; Дашков Гроб — тумул од железно време; Ѓерамиди — населба од неолитско и бакарно време и тумул од железно време; Ѓуркоа Нива — тумули од железно време; Каменица — тумул од железно време; Кукулати Камен — праисториска населба; Лочката — тумули од железно време; Маленица — населба од доцноантичко време; Острилата-Маково — тумули од железно време; Острилата-Тапанот — тумул од железно време; Преслапта — некропола од античко време; Простиот Камен — тумул од железно време; Пуров Дол — населба од доцноантичко време; Рамни Трла-Козарникот — средновековна црква; Ташова Ливада — населба од праисториско и античко време; Три Кладенци — осамен наод од античко време; Турски Ливаѓе — населба од римско време; Цветково Трло — некропола од античко време; Чакрева Корија-Чочка — тумули од железно време; Чука — тумули од железно време; Чаниште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Дополнителна литература
Категорија:Чаниште