Миреч Ливада — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бонче. Претставува неопределен наод од непознат период.

Опис

Во поширокиот простор на комплексот локалитети Старо Бонче, со рекогносцирање се откриени мошне вредни наоди од раноантичкиот период: сребрена алка со завршетоци во вид на змиски глави, фибула-копча од малоазиски тип, сребрена конусна обетка, како и две прекрасно зачувани бронзени монети од Александар Трети Македонски.вредни археолошки наоди кај Старо Бонче

Поврзано Спаница — осамени наоди од хеленистичкото и доцноантичкото време; Старо Бонче — некропола од хеленистичко и римско време; Црквиште — населба од хеленистичкото и римското време; Висока (Цуцулот, Каве) — остатоци од раноантичкиот град Пелагонија, кои се наоѓаат 2 километри југоисточно од селото, но припаѓаат во атарот на соседното мариовско село Крушевица, на кота од 1.472 метри; Градиште Цветково — остатоци од раноантичка тврдина, предстража на градот Пелагонија на Висока; Вигната — остатоци од ранохристијанска базилика; Веслец — утврдување од античко време; Голема Спаница — античка некропола; Горна Преслапта — античка некропола; Грамаѓе — античка населба; Грамаѓе под Три Камна — античка некропола; Грамаѓе под Спаница — раноантичка некропола; Долен Град — античка населба; Дупнатица — раноантичка некропола; Кладенец — античка некропола; Мала Спаница — античка некропола; Петочна Вода — раноантичка некропола; Плаза — депо на монети; Бонче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Бонче