Караташ — археолошко наоѓалиште во Прилеп. Претставува некропола од римското време. На околу 500 м северозападно од касарната, во лозјето на Ѓорѓи Ивановски при орањето биле уништени неколку гробови во кои се најдени керамички садови и еден постамент за стела. Од овој локалитет потекнуваат стела со грчки натпис во 8 ред и релјефна претстава на жена, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје, и фрагментирана мермерна стела со приказ на девојка која во раката држи птица и венец, која сега се наоѓа во Заводот и музеј во Битола.
Поврзано Али Чаир — населба од неолитското и римското време; Бакалница — некропола од доцноантичкото време; Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време; Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Садово — населба од неолитското време; Каменица — населба од бакарното време; Касарни — некропола од железното време; Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време; Крклари — некропола од хеленистичкото време; Кукул — населба од римското време; Куршумли Ан — осамени наоди од римското време; Параклис — осамен наод од римското време; Поводеници — Случаен наод од римското време; Силос — некропола од римското време; Тополка - Шилево — некропола од доцноантичкото време; Тражица — фурна од римското време; Прилеп; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи