Јодид — соединение на јодот со формална оксидациска состојба −1. Во секојдневието, јодидот најчесто се среќава како составница на јодираната кујнска сол пропишана со закон во многу земји. Две милијарди луѓе на светот страдаат од недостаток на јод во исхраната, кој е најголемиот меѓу спречливите предизвикувачи на умствена попреченост. Јодидниот јон се бележи со I−.
Структура и особености на неорганските јодиди Јодидот е еден од најголемите едноатомски анјони, со полупречник од 206 пикометри. За споредба, полесните халиди се значително помали: бромидот (196 пм), хлоридот (181 пм) и флуоридот (133 пм). Поради неговата големина, јодидот образува релативно слаби врски со највеќето елементи.
Највеќето јодидни соли се растворливи во вода, но помалку од сродните хлориди и бромиди. Бидејќи е голем, тој е помалку водољубив во споредба со помалите анјони. Поради ова, натриум јодидот е лесно растворлив во ацетон, што не важи за натриум хлоридот. Малата растворливост на сребро јодидот и олово јодидот го одразува ковалентниот карактер на овие метални јодиди. Присуството на јодидни јони се забележува од жолтиот талог кој слегува при обработната на раствор од сребро нитрат или олово(II) нитрат.
Водените раствори на јодидните соли подобро го раствораат јодот од чистата вода. Овој ефект се должи на образувањето на тријодидниот јон, кој е кафеав по боја: I− + I2 ⇌
Редокс и антиоксидантни својства Јодидните соли се благи редуктори и може да реагираат со кислород за да произвдат јод. Редукторот е хемиски збор за антиоксиданс. Неговите антиоксидантни својства можат да се изразат количествено како редокс-потенцијал :
2I− ⇌ I2 + E° = 0,54 волти (наспроти СВЕ)
Бидејќи јодидот лесно оксидира, некои ензими лесно се претвораат во електрофилни јодирачки агенси, потребни за биосинтезата на безброј природни производи кои содржат јод. Јодидите можат да делуваат како редуктори на антиоксиданси кои можат да го уништат озонот and реактивни видови на кислородот како водород пероксидот: 2 I− + пероксидаза + H2O2 + тирозин, хистидин, липид итн. → јодосоединенија + H2O + 2 e− (антиоксиданси).
Претставителни јодиди СоединениеФормулаИзгледСе среќава какоКалиум јодид KI бели кристали јодна составница на јодираната солЈодоводород HI безбоен гас силна неорганска киселинаСребро јодид AgI жолт прашок кој потемнува на светлина фотоактивна составница на фотографскиот филмТироксин(3,5,3′,5′-тетрајодотиронин) C15H11I4NO4 бледожолта цврста материја хормон неопходен за човековото здравје
Природна застапеност Најчест јодиден минерал е јодаргиритот, природниот кристален облик на сребро јодид. Јодидните анјони понекогаш се среќаваат здружени со жива, бакар и олово, но минералите со такви состави се уште поретки.
Други оксианјони Јодот може да ги заземе оксидациските состојби −1, +1, +3, +5 или +7. Познати се разни неутрални јодни оксиди.
Оскид. состојба −1 +1 +3 +5 +7 Назив јодид хипојодит јодит јодат перјодат Формула I− IO− или
Поврзано Халид
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Анјони Категорија:Прехранбени минерали Категорија:Прехранбени антиоксиданси Категорија:Заминувачки групи