Ореовечка Река — река во Прилепско. Реката извира над селото Ореовец, по кое и го добила името, и се влева во Прилепското Езеро.

Пред 1967 година, кога било изградено Прилепското Езеро, Ореовечка Река течела низ градот Прилеп заедно со Дабничка и Селечка Река. Тие ја сочинувале Прилепска Река (се среќава и како Градска Река), која јужно од градот, преку Блато (Дебрешка Река), се влива во Црна Река под селото Тројкрсти.

Големите поплави во Македонија во ноември 1962 година алт=Прва светска војна: Мостот кај Табана|мини|Прва светска војна: Мостот кај месноста Табана, позната по работилниците за обработка на кожи За време на големите поплави во Македонија во ноември 1962 година е забележано дека Ореовечка Река надошла и ги однела двата дрвени моста во подрачјето на Табана. Во ова подрачје била загрозена и една приватна куќа, поради лизгање на земјиштето на левиот речен брег. Реката довлекла дрвја и неколку грла стока. Големи површини на Прилепското Поле се нашле под вода.Нова Македонија, Скопје, сабота, 17 ноември 1962 година, година XVIII, број 5777, стр. 3.

Наводи

Категорија:Реки во Македонија