Деци- (симбол: д, меѓун. d) — претставка за единици во метричкиот SI-систем кој означува множител од една десеттина, односно десетти дел од единицата. Предложен е во 1793 и усвоена во 1795 г. Доаѓа од латинскиот поим , што значи „десетина“. Во 1960 г. претставката е воведена во Меѓународниот систем на мерни единици (SI).
Претставката често се користи за единицата децилитар (дл) за пијалаци и состојки во готвењето. Дециметарот (дм) изразува должина во математиката, иако е помалку застапен во секодјевниот живот. Во инженерството е застапен децибелот, со кој се изразува моќта/јачината на звукот и електричното засилување.
Пример Пречникот на еден компактен диск изнесува 12 сантиметри или 1,2 дециметри.
Наводи
Категорија:SI-претставки