Ослободување на Свети Петар ― фрескописна слика на италијанскиот високоренесансен уметник Рафаело Санти.(Arnold NESSELRATH "RAPHAEL ET PINTURICCHIO" Louvre éditions page 177 "cette oeuvre peinte entièrement par l'artiste lui même") Била насликана во 1514 година како дел од налогот на Рафаело да ги украси со фрески просториите кои сега се познати како Рафаелови одаи (италијански: Stanze di Raffaello), во Апостолскиот дворец во Ватикан. Се наоѓа во Хелиодоровата одаја (Stanza di Eliodoro), која е именувана по Протерувањето на Хелиодор од храмот. Сликата покажува како Свети Петар бил ослободен од затворот на Ирод од ангел, како што е опишано во Дела 12. Тоа е технички надвратник.

Фреската прикажува три сцени во симетрична рамнотежа образувана од преправена архитектура и скали. Во средината, ангелот го буди Петар, а од десната страна го води покрај заспаните стражари. На левата страна еден чувар очигледно ја забележал светлината створена од ангелот и го буди другарот, покажувајќи кон чудесно осветлената ќелија. Ова додава драма на спокојниот излез на Петар од десната страна.

Галерија

Поврзано

Список на слики од Рафаело Санти

Наводи

Надворешни врски

Ватикан: духот и уметноста на христијанскиот Рим, книга од библиотеките на музејот Метрополитен (целосно достапна на интернет како PDF), која содржи материјал за ова дело

Категорија:Уметнички слики од 1514 година Категорија:Слики кои го прикажуваат Апостол Петар Категорија:Рафаелови одаи